bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
John 7
John 7
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 8 →
1
Потоа Исус одеше низ Галилеја, затоа што не сакаше да оди во Јудеја, бидејќи Јудејците сакаа да Го убијат.
2
А се приближуваше јудејскиот празник Сеници.
3
Тогаш Неговите браќа Му рекоа: „Замини одовде и оди во Јудеја, та и Твоите ученици да ги видат делата што ги правиш.
4
Зашто никој не прави нешто тајно кога сака да се прочуе. Штом ги правиш овие работи, покажи му се на светот!“
5
Зашто ниту Неговите браќа не веруваа во Него.
6
Тогаш Исус им рече: „Моето време уште не е дојдено, а за вас времето секогаш е погодно.
7
Вас светот не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, зашто Јас сведочам за него дека делата му се лоши.
8
Вие отидете на овој празник; Јас сѐ уште нема да одам на овој празник, зашто Моето време сѐ уште не се исполнило.“
9
Откако го рече тоа, остана во Галилеја.
10
Но штом отидоа Неговите браќа и Тој отиде на празникот, но не јавно, туку скришум.
11
А Јудејците Го бараа на празникот и велеа: „Каде е Оној?“
12
И многу расправии имаше меѓу народот за Него; едни зборуваа: „Добар е“, а други велеа: „Не, туку го заведува народот!“
13
Но, сепак, никој не зборуваше отворено за Него, поради страв од Јудејците.
14
А на средината од празникот, Исус влезе во храмот и поучуваше.
15
И Јудејците се чудеа, велејќи: „Како ги знае Овој Писанијата, кога не учел?“
16
Тогаш Исус им одговори и рече: „Моето учење не е Мое, туку на Оној што Ме прати;
17
и ако некој сака да ја врши Неговата волја, ќе разбере дали ова учење е од Бога, или Јас Самиот од Себе зборувам.
18
Оној што зборува сам од себе, тој бара слава за себе; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Тој е вистинит и во Него нема неправда.
19
Зар Мојсеј не ви го даде Законот? И никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?“
20
Народот одговори и рече: „Демон имаш! Кој сака да Те убие?“
21
Одговори Исус и им рече: „Едно дело извршив и сите се чудите.
22
Мојсеј ви го даде обрезанието, не затоа што тоа е од Мојсеј, туку од татковците – и вие во сабота обрезувате човек.
23
Ако човек се обрезува во сабота, за да не се наруши Мојсеевиот Закон, тогаш зошто се гневите на Мене што цел човек излекував во сабота?
24
Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!“
25
Тогаш некои од ерусалимците рекоа: „Не е ли ова Овој Кого сакаат да Го убијат?
26
Ете, јавно говори и ништо не Му велат. Да не се увериле и началниците дека Тој е навистина Христос?
27
Но Овој знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос, никој не ќе знае од каде е.“
28
Тогаш Исус, поучувајќи во храмот, гласно извика и рече: „И Мене Ме знаете и знаете од каде сум; и Сам од Себе не дојдов, но вистинит е Оној што ме прати, Кого вие не Го знаете.
29
Јас, пак, Го знам, зашто од Него сум и Тој Ме прати.“
30
Тогаш сакаа да Го фатат, но никој не стави рака на Него, бидејќи уште не беше дошол Неговиот час.
31
И мнозина од народот поверуваа во Него и велеа: „Кога ќе дојде Христос, зар ќе направи поголеми чуда отколку што направи Овој?“
32
Чуја фарисеите дека народот така зборува за Него, па фарисеите и првосвештениците испратија поданици да Го фатат.
33
Исус, пак, им рече: „Уште малку време сум со вас, а потоа ќе отидам кај Оној што Ме прати.
34
Ќе Ме барате и нема да Ме најдете; и каде што сум Јас, вие не можете да дојдете.“
35
А Јудејците си рекоа меѓу себе: „Каде ќе оди Овој, та да не можеме да Го најдеме? Да не сака да оди при раселените меѓу Елините, па и Елините да ги поучува?
36
Што значат овие зборови: ’Ќе Ме барате и нема да Ме најдете‘; и ’Каде што сум Јас, вие не можете да дојдете?‘“
37
А во последниот голем ден од празникот, Исус застана и гласно извика, велејќи: „Ако некој е жеден, нека дојде кај Мене и нека пие!
38
Оној што верува во Мене, како што е речено во Писмото, од неговата утроба ќе потечат реки од жива вода.“
39
А ова го рече за Духот, што требаше да Го примат оние што веруваат во Него; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.
40
А мнозина од народот, слушајќи го словото, рекоа: „Овој е навистина пророк!“
41
Други велеа: „Овој е Христос.“ А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос?
42
Не е ли речено во Писмото дека Христос ќе дојде од Давидовото потомство и од гратчето Витлеем, од каде што беше Давид?“
43
Така настана раздор во народот заради Него.
44
А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него.
45
Тогаш поданиците дојдоа кај првосвештениците и фарисеите, а овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“
46
Поданиците одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек.“
47
Тогаш фарисеите им одговорија: „Да не се прелагавте и вие?
48
Поверувал ли некој од началниците, или, пак, од фарисеите во Него?
49
Но овој народ, што не го знае Законот, е проклет.“
50
А еден од нив, Никодим, што беше отишол кај Него ноќе, им рече:
51
„Осудува ли нашиот Закон човек, ако претходно не бил сослушан и не се дознае што прави?“
52
А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и ќе видиш дека од Галилеја не се јавува пророк!“
53
И секој си отиде во својот дом.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21