bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 12
Matthew 12
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
1
Во тоа време, една сабота, Исус минуваше низ нивите, а Неговите ученици огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат.
2
Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, Твоите ученици прават нешто што не е допуштено да се прави во сабота!“
3
А Тој им рече: „Зар не сте читале што направи Давид, кога тој и оние што беа со него огладнаа?
4
Како влезе во Божјиот дом и ги изеде лебовите на предложението, што не смееше да ги јаде ниту тој, ниту оние што беа со него, туку единствено свештениците?
5
Или, не сте читале ли во Законот дека во сабота свештениците во храмот ја нарушуваат саботата и пак не се виновни?
6
Но Јас ви велам дека тука е Оној што е поголем од храмот;
7
и, ако знаевте што значи: ’Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините;
8
Зашто Синот Човечки е господар на саботата.“
9
И штом замина оттаму, дојде во нивната синагога.
10
И ете, таму беше еден човек што имаше исушена рака. И, за да Го обвинат, Го прашаа, велејќи: „Допуштено ли е во сабота да се лекува?“
11
А Тој им рече: „Кој од вас, ако има една овца и таа падне во сабота во јама, нема да ја земе и да ја извади?
12
Колку, пак, човекот е поскап од една овца!? Па така, во сабота е допуштено да се прави добро.“
13
Тогаш му рече на човекот: „Протегни ја раката!“ И тој ја протегна, и таа стана здрава како и другата.
14
А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат.
15
Но кога Исус разбра, замина оттаму. И по Него одеше многу народ и Тој ги излекува сите.
16
И им забрани да разгласуваат за Него.
17
За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели:
18
„Ете Го Мојот слуга; Него Го избрав, Мојот возљубен, Кој е по благоволението на Мојата душа. Ќе Го положам Својот Дух над Него и на народите ќе им објави суд.
19
Нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе Неговиот глас по улиците.
20
Прекршените трски нема да ги докрши, ниту фитилот што тлее ќе го угасне, додека не ја доведе правдата до победа.
21
И во Неговото име народите ќе се надеваат.“
22
Тогаш доведоа кај Него еден опседнат од демони, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот проговори и прогледа.
23
И сиот народ се чудеше и велеше: „Не е ли Овој Христос, Синот Давидов?“
24
А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Овој ги истерува демоните само преку Велзевул, началникот на демоните!“
25
Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раздели самото против себе, запустува; и секој град или дом, ако се раздели самиот против себе, нема да опстане.
26
И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како ќе опстане неговото царство?
27
И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, вашите синови преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии.
28
Ако, пак, Јас истерувам демони со Божјиот Дух, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо.
29
Или, како може некој да влезе во куќата на силен човек и да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, па дури тогаш да му ја ограби куќата?
30
Оној што не е со Мене, против Мене е; и оној што не собира со Мене – растура.
31
Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Духот нема да им се прости на луѓето.
32
И ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости – ниту во овој век ниту во идниот“.
33
„Или насадете добро дрво и плодот ќе му биде добар, или насадете лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото.
34
Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте зли? Зашто устата зборува од она со што е преполнето срцето.
35
Добриот човек од добрата ризница изнесува добрини, а злиот човек од злата ризница изнесува зло.
36
И ви велам дека за секој празен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден;
37
зашто поради своите зборови ќе бидеш оправдан и поради своите зборови ќе бидеш осуден.“
38
Тогаш некои од книжниците и од фарисеите одговорија и рекоа: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе!“
39
А Тој им одговори и рече: „Лукаво и прељуботворно поколение бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона;
40
зашто како што Јона беше во утробата на китот три дена и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дена и три ноќи.
41
Ниневјаните ќе излезат на суд со ова поколение и ќе го осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.
42
И јужната царица ќе излезе на суд со ова поколение и ќе го осуди; зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон, но ете, тука е многу поголем од Соломон.“
43
„Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој, и не го наоѓа.
44
Тогаш вели: ’Да се вратам во мојот дом, од каде што излегов.‘ И, штом ќе дојде, го наоѓа празен, изметен и уреден.
45
Тогаш оди и со себе доведува други седум духа, полоши од себе, и штом ќе влезат, ќе отседнат таму; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со ова зло поколение.“
46
И додека му зборуваше на народот, ете, мајка Му и Неговите браќа стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него.
47
Некој Му кажа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“
48
А Тој му одговори на оној што Му го кажа тоа, и рече: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?“
49
И, покажувајќи со рака кон Своите ученици, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа!
50
Зашто оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28