bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 22
Matthew 22
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 23 →
1
И Исус повторно им говореше во параболи и рече:
2
„Царството небесно прилега на еден цар, кој му направи свадба на својот син.
3
И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата; а тие не сакаа да дојдат.
4
Повторно испрати други слуги, велејќи: кажете им на поканетите: ’Ете, приготвив јадење; моите јунци и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘
5
Но тие го пренебрегнаа тоа и отидоа: едни на нива, други по својата трговија;
6
а останатите, пак, ги фатија неговите слуги, ги навредуваа и ги убија.
7
Штом чу за тоа царот, се разгневи, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го запали градот.
8
Тогаш им рече на своите слуги: ’Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.
9
Затоа, одете по крстопатите и поканете ги на свадба сите што ќе ги најдете!‘
10
И слугите излегоа по патиштата, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и свадбениот дом се наполни со гости.
11
Кога царот влезе да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбена облека.
12
Па му рече: ’Пријателе, како влезе овде необлечен во свадбена облека?‘ А тој молчеше.
13
Тогаш царот им рече на служителите: ’Врзете му ги нозете и рацете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘
14
зашто, мнозина се повикани, но малкумина се избрани.“
15
Тогаш фарисеите отидоа и се советуваа како да Го фатат во некој збор.
16
И ги испратија кај Него своите ученици, заедно со Иродовците, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и вистински учиш за Божјиот пат, и не се плашиш од никого, зашто не се водиш според изгледот на луѓето;
17
затоа кажи ни; што мислиш: треба ли да се дава данок на цезарот или не?“
18
Но Исус го проѕре нивното лукавство и рече: „Зошто Ме искушувате, лицемери?
19
Покажете Ми ја монетата со која се плаќа данок.“ Тие Му донесоа еден динариј.
20
И им рече: „Чии се овој лик и натпис?“
21
Тие Му одговорија: „На цезарот.“ Тогаш им рече: „Дајте го цезаревото на цезарот, а Божјото на Бога!“
22
И штом го чуја тоа, тие се зачудија, па Го оставија и си отидоа.
23
Во истиот ден Му пристапија и садукеи, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа,
24
говорејќи: „Учителе, Мојсеј рече: ’Ако некој умре без деца, тогаш брат му нека ја земе неговата жена и нека му подигне потомство на својот брат!‘
25
Кај нас имаше седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави својата жена на својот брат.
26
Исто така направи и вториот, и третиот, сѐ до седмиот.
27
По сите нив, умре и жената.
28
При воскресението, на кого од седумтемина ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?“
29
Исус им одговори: „Во заблуда сте, зашто не ги познавате Писмата, ниту Божјата сила;
30
зашто при воскресението луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку ќе бидат како ангели Божји на небото.
31
А за воскресението на мртвите, зар не сте читале што ви рекол Бог:
32
’Јас сум Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков.‘ Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“
33
И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на Неговото учење.
34
А фарисеите, штом слушнаа дека ги замолчи садукеите, се собраа заедно.
35
Еден од нив, законик, за да Го искуша, Го праша:
36
„Учителе, која заповед е најголема во Законот?“
37
А Исус му одговори: „’Возљуби Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум;‘
38
тоа е прва и најголема заповед;
39
а втората е слична на неа: ’Возљуби го својот ближен како себеси!‘
40
На тие две заповеди се држат целиот Закон и Пророците.“
41
И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша
42
и рече: „Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?“ Му одговорија: „На Давид.“
43
Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарекува Господ, велејќи:
44
’Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе.‘
45
И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш Тој може да му биде син?“
46
И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го прашува.
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28