bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 14
Matthew 14
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
1
Во тоа време гласот за Исус го слушна и четворовласникот Ирод,
2
кој им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, па затоа и чуда се случуваат преку него!“
3
Зашто Ирод, откако го фати Јован, го врза и го фрли во затвор поради Иродијада, жената на брат му Филип;
4
бидејќи Јован му велеше: „Не ти е допуштено да ја имаш неа!“
5
И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто го сметаа за пророк.
6
А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод;
7
затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара.
8
А таа, поучена од мајка ѝ, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јован Крстител!“
9
Царот се натажи, но заради заклетвата и гостите, нареди да ѝ ја дадат.
10
Па прати да го обезглават Јован во затворот.
11
И ја донесоа неговата глава на чинија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на својата мајка.
12
А неговите ученици дојдоа, го зедоа неговото тело и го погребаа; па отидоа и Го известија Исус.
13
Штом го чу тоа, Исус замина оттаму со кораб во пусто место, насамо; а народот, штом слушна за тоа, тргна по Него пеш од градовите.
14
И кога Исус излезе, виде многу народ; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни.
15
А кога се стемни, Му пријдоа Неговите ученици и рекоа: „Местово е пусто, а и веќе е доцна; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“
16
Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“
17
А тие Му рекоа: „Немаме овде ништо освен пет леба и две риби.“
18
Тој им рече: „Донесете Ми ги тука!“
19
И откако му заповеда на народот да седне на тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги раскрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот.
20
И јадеа сите и се наситија; и собраа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.
21
А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, не броејќи ги жените и децата.
22
И Исус веднаш ги натера Своите ученици да влезат во коработ и пред Него да минат на другата страна, додека Тој да го распушти народот.
23
Па, штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И кога се стемни, Тој беше таму сам.
24
Коработ, пак, беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто дуваше спротивен ветар.
25
Но, на четвртата стража од ноќта, Исус дојде кај нив, одејќи по морето.
26
А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв гласно извикаа.
27
Но Исус веднаш им прозборе, велејќи: „Бидете храбри! Јас сум, не плашете се!“
28
А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“
29
И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом слезе од коработ, Петар тргна по водата за да дојде кај Исус;
30
но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и гласно извика: „Господи, спаси ме!“
31
Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?“
32
И, кога влегоа во коработ, ветрот престана.
33
А оние што беа во коработ Му пристапија, паднаа ничкум пред Него и рекоа: „Навистина си Син Божји!“
34
Па откако преминаа, дојдоа во Генисаретската земја.
35
Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и Му ги донесоа сите болни.
36
И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие што се допреа, оздравеа.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28