bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 24
Matthew 24
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 25 →
1
И, кога излезе Исус од храмот и си одеше, Му пријдоа Неговите ученици за да Му ги покажат градбите на храмот.
2
А Исус им рече: „Не го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане тука ниту камен на камен, кој нема да биде урнат.“
3
И, кога седеше на Маслиновата Гора, Му пријдоа учениците насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?“
4
А Исус, одговарајќи, им рече: „Пазете се да не ве прелаже некој;
5
зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ’Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина.
6
Ќе слушате за војни и гласови за војни. Внимавајте да не се вознемирите, зашто сето тоа треба да се случи; но тоа уште не е крајот.
7
Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и на некои места ќе има глад, помор и потреси;
8
а сето тоа е почеток на страдањата.
9
Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име.
10
Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат;
11
многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;
12
и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади.
13
Но кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен.
14
И ова благовестие за царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“
15
„А кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето, изречена преку пророкот Даниил, како стои на светото место – кој чита нека разбере,
16
тогаш оние во Јудеја, нека бегаат по планините;
17
кој е на покрив, нека не слегува да земе нешто од својата куќа;
18
и кој е на нива, нека не се враќа назад за да си ги земе алиштата!
19
Тешко на бремените и на доилките во тие денови!
20
Затоа, молете се вашето бегање да не биде во зима, ниту во сабота;
21
зашто тогаш ќе настане голема мака, каква што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе има.
22
И ако не се скратат оние денови, никој и ништо не би се спасило; но заради избраните ќе се скратат тие денови.
23
Ако некој тогаш ви рече: ’Еве, овде е Христос‘ или ’таму е‘ – не верувајте!
24
Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.
25
Ете, однапред ви кажав.
26
И така, ако ви речат: ’Ене, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ’еве, во скришните одаи е‘ – не верувајте!
27
Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.
28
Зашто, каде што е мршата, таму се собираат и орлите.“
29
„И веднаш, по маките на тие денови, сонцето ќе се помрачи и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе паднат од небото и небесните сили ќе се разнишаат.
30
И тогаш ќе се појави на небото знакот на Синот Човечки и ќе заплачат тогаш сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со сила и голема слава;
31
и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и тие ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.“
32
„Научете ја параболата од смоквата: кога нејзините гранки ќе станат кревки и ќе разлистат, знаете дека е близу летото.
33
Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека Тој е близу, пред вратата.
34
Вистина ви велам: нема да помине ова поколение додека сето ова не се исполни.
35
Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.“
36
„А за тој ден и час никој не знае, ниту небесните ангели, туку само Мојот Отец;
37
но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки;
38
зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до денот кога Ное влезе во ковчегот,
39
и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки.
40
Тогаш ќе бидат двајца на нива: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен;
41
две жени ќе мелат на мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена.
42
Затоа, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ.
43
Знајте го и ова: кога домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата.
44
Затоа и вие треба да бидете подготвени, зашто Синот Човечки доаѓа во часот кога не очекувате.“
45
„Кој е тој верен и мудар слуга, кого неговиот господар ќе го постави над своите слуги, за да им дава храна навреме?
46
Блажен е оној слуга, кого неговиот господар, кога ќе дојде, ќе го најде да постапува така;
47
вистина ви велам дека него ќе го постави над целиот свој имот.
48
Ако, пак, тој слуга е лош и си рече во срцето: ’Мојот господар уште долго време нема да дојде‘,
49
па почне да ги тепа оние што слугуваат со него и да јаде и пие со пијаниците,
50
господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува и во час што не го знае;
51
па ќе го расече на две и ќе му даде удел со лицемерите; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 25 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28