bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 27
Matthew 27
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 28 →
1
А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини на народот направија договор против Исус, за да Го убијат;
2
и, откако Го врзаа, Го одведоа и Го предадоа на управителот Понтиј Пилат.
3
Тогаш Јуда, кој Го предаде, кога виде дека Исус е осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и старешините,
4
велејќи им: „Згрешив, зашто предадов невина крв!“ А тие рекоа: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“
5
Тој ги фрли сребрениците во храмот, излезе и отиде, та се обеси.
6
Првосвештениците, пак, ги собраа сребрениците и рекоа: „Не треба да се стават во касата на храмот, бидејќи се цена за крв.“
7
Откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за погребување на странци.
8
Затоа и до денес таа нива се вика Крвна нива.
9
Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија, кој вели: „И ги зедоа триесетте сребреника, цената на Оценетиот, Кого Го оценија Израилевте синови,
10
и ги дадоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ.“
11
И Исус застана пред управникот. А управникот Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти велиш.“
12
И, кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, Тој ништо не одговараше.
13
Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведоштва имаат против Тебе?“
14
Но Тој не му одговори на ниту еден збор, така што управникот многу се чудеше.
15
А на секој празник управникот имаше обичај да му ослободува на народот по еден затвореник, кого тие ќе го побараа.
16
Тогаш тие имаа еден прочуен затвореник, по име Варава.
17
И, кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го ослободам: Варава или Исус, наречен Христос?“
18
Зашто знаеше дека Го беа предале од завист.
19
А кога тој седеше на судскиот престол, жена му порача да му кажат: „Не прави Му ништо на Тој Праведник, зашто денеска многу пострадав на сон поради Него.“
20
Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го побара Варава, а Исус да Го погуби.
21
Тогаш управникот им рече: „Кого од двајцата сакате да го ослободам?“ Тие одговорија: „Варава!“
22
Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одговорија сите: „Да биде распнат!“
23
Управникот рече: „Па какво зло направил?“ Но тие уште посилно викаа: „Да биде распнат!“
24
Пилат, штом виде дека ништо не помага, туку, напротив, буната се зголемува, зеде вода, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник; мислете му вие!“
25
И, одговарајќи, целиот народ, рече: „Неговата крв нека падне врз нас и врз нашите чеда!“
26
Тогаш им го ослободи Варава, а Исус Го камшикуваше и Го предаде да биде распнат.
27
Потоа војниците на управникот Го зедоа Исус во преторијата и ја собраа целата чета околу Него,
28
па, откако Го соблекоа, Му облекоа скерлетна наметка;
29
исплетоа трнов венец, Му го ставија на главата и Му дадоа во десната рака трска; и, поклонувајќи се на колена пред Него, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“
30
И плукаа на Него, па ја зедоа трската и Го удираа по главата.
31
А откако Го исмеаја, Му ја соблекоа скерлетната наметка, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.
32
На излегување сретнаа еден Киринеец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот.
33
И кога дојдоа на местото наречено Голгота, што значи Черепно Место,
34
Му дадоа да пие оцет, измешан со жолчка. Но Тој вкуси и не сакаше да пие.
35
А штом Го распнаа, ги разделија Неговите алишта, фрлајќи ждрепка;
36
па седеа таму и Го чуваа;
37
и Му ставија над главата натпис со Неговата вина: „Овој е Исус, Царот Јудејски.“
38
Со Него распнаа и двајца разбојници; едниот од десната, а другиот од левата страна.
39
А минувачите Го хулеа, вртејќи ги своите глави
40
и велејќи: „Ти, што го уриваш храмот и за три дена го соѕидуваш, спаси се Себеси! Ако си Син Божји, слези од крстот!“
41
Исто така и првосвештениците, потсмевајќи се заедно со книжниците, старешините и фарисеите, говореа:
42
„Други спасуваше, а Себеси не може да се спаси! Ако е Цар на Израил, нека слезе сега од крстот, па ќе поверуваме во Него.
43
Се надеваше на Бог, нека Го избави сега, ако Го сака, бидејќи говореше: ’Син Божји сум!‘“
44
Така Го навредуваа и разбојниците распнати со Него.
45
А од шестиот час настана темнина по целата земја до деветтиот час;
46
а околу деветтиот час Исус извика со силен глас: „Или, Или, лима савахтани!?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“
47
А некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“
48
И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие.
49
А останатите велеа: „Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спаси!“
50
А Исус повторно извика со силен глас и го испушти духот.
51
И ете, завесата на храмот се расцепи на две, одгоре додолу; и земјата се затресе; и карпите се распукаа.
52
И гробовите се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа;
53
па, кога излегоа од гробовите, по Неговото воскресение, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина.
54
А стотникот и оние што со него Го чуваа Исус, гледајќи го земјотресот и сѐ што се случи, многу се уплашија и говореа: „Навистина Овој беше Син Божји!“
55
Таму беа и гледаа оддалеку многу жени, кои врвеа по Исус од Галилеја и Му служеа.
56
Меѓу нив беа Марија Магдалина и Марија, мајката на Јаков и Јосиф, и мајката на Зеведеевите синови.
57
А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој, исто така, Му беше ученик на Исус;
58
тој отиде кај Пилат и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото.
59
А Јосиф, штом го зеде телото, го завитка во чисто платно
60
и го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во камен; па, откако навали голем камен на гробната врата, си отиде.
61
А таму беа Марија Магдалина и другата Марија, кои седеа спроти гробот.
62
Утредента, пак, по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите кај Пилат
63
и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ’По три дена ќе воскреснам!‘
64
Затоа нареди да се чува гробот до третиот ден, за да не отидат Неговите ученици ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ’Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“
65
Пилат им рече: „Имате стража; одете и чувајте го како што знаете.“
66
Тие отидоа и со стража го чуваа гробот, а каменот го запечатија.
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 28 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28