bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 25
Matthew 25
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 24
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 26 →
1
„Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пресретнат младоженецот.
2
Пет од нив беа мудри, а пет неразумни.
3
Неразумните ги зедоа своите светилки, но не понесоа со себе масло;
4
а мудрите, заедно со своите светилки, зедоа во садовите и масло;
5
и, бидејќи младоженецот доцнеше, сите задремаа и заспаа.
6
А на полноќ се чу викање: ’Еве, младоженецот доаѓа, излезете да го пресретнете!‘
7
Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки.
8
А неразумните им рекоа на мудрите: ’Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘
9
Мудрите им одговорија: ’Да не би да не ни биде доволно и нам и вам; подобро одете кај продавачите и купете си!‘
10
А кога тие отидоа да купат, пристигна младоженецот и подготвените влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори.
11
Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ’Господаре, господаре, отвори ни!‘
12
А тој им одговори: ’Вистина ви велам: не ве познавам!‘
13
И така, бидете будни, зашто не го знаете ниту денот, ниту часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“
14
„Зашто Тој ќе постапи како човекот кој, тргнувајќи на пат, ги повика своите слуги и им го предаде својот имот;
15
и на едниот му даде пет таланта, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста; и веднаш замина.
16
Оној што зеде пет таланта, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланта.
17
Исто така и оној со двата, и тој спечали други два.
18
А оној, што прими еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри парите на својот господар.
19
По долго време дојде господарот на овие слуги и побара да му поднесат сметка.
20
И кога пристапи оној што беше примил пет таланта, донесе уште пет таланта и рече: ’Господаре, ти ми предаде пет таланта; ете, со нив спечалив уште пет.‘
21
А неговиот господар му рече: ’Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!‘
22
Му пристапи и оној што беше примил два таланта и рече: ’Господаре, ти ми предаде два таланта, еве, со нив спечалив уште два таланта.‘
23
Господарот му рече: ’Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!‘
24
Му пристапи и оној што беше добил еден талант и рече: ’Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел и собираш каде што не си веел,
25
па се уплашив, и отидов и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘
26
А господарот му одговори: ’Лукав и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум веел,
27
требаше моите пари да им ги дадеш на оние што тргуваат со пари, па кога ќе дојдам, да си го приберам своето со добивка;
28
затоа земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти;
29
зашто на секој, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има;
30
а бесполезниот слуга фрлете го во крајната темнина: таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘“
31
„А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава
32
и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од козите,
33
и овците ќе ги постави од Својата десна страна, а козите од левата.
34
Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ’Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот;
35
зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме прибравте;
36
гол бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘
37
Тогаш праведниците во одговор ќе Му речат: ’Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме?
38
Кога Те видовме странец и Те прибравме, или гол и Те облековме?
39
Кога Те видовме болен, или во затвор и дојдовме кај Тебе?‘
40
А Царот ќе им одговори: ’Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле.‘
41
Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ’Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели!
42
Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте;
43
странец бев и не Ме прибравте; гол бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.‘
44
Тогаш и тие ќе Му одговорат: ’Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или гол, или болен, или во затвор – и не Ти послуживме?‘
45
Тогаш Тој ќе им одговори велејќи: ’Вистина ви велам, доколку не сте го направиле тоа за еден од овие најмали, тогаш ниту за Мене не сте го направиле.‘
46
И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во вечен живот.“
← Chapter 24
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 26 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28