bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 5
Matthew 5
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 6 →
1
Кога го виде народот, Исус се искачи на гората. И, штом седна, Неговите ученици се приближија до Него.
2
И, откако ја отвори Својата уста, ги поучуваше, велејќи:
3
„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!
4
Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат!
5
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
6
Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!
7
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
8
Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
9
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
10
Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небесно!
11
Блажени сте кога ќе ве срамат и прогонуваат, и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – поради Мене!
12
Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.
13
Вие сте солта на земјата. Но ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се осоли? Таа веќе не е за ништо, освен за да се фрли надвор и да се изгази од луѓето.
14
Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина.
15
Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на светилник, и им свети на сите во домот.
16
Така нека свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата!
17
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.
18
Зашто, вистина ви велам: дури постојат небото и земјата, ниту една буквичка или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ!
19
И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и така ќе ги научи луѓето, тој ќе се нарече велик во царството небесно.
20
Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и на фарисеите, нема да влезете во царството небесно!
21
Сте слушале дека на старите им било речено: ’Не убивај! А кој убие, ќе одговара пред судот.‘
22
Јас, пак, ви велам дека секој што се гневи на својот брат без причина, ќе одговара пред судот; а оној што ќе го нарече својот брат ’празноглав‘, ќе одговара пред Синедрионот; оној, пак, што ќе му рече: ’Будала‘, ќе одговара во огнениот пекол.
23
И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека твојот брат има нешто против тебе,
24
остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со својот брат, а потоа дојди и принеси го својот дар.
25
Измири се брзо со твојот противник, уште додека си на пат со него, за да не те предаде противникот на судијата, а судијата – на судскиот поданик, и да бидеш фрлен в затвор;
26
вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, додека не го дадеш и последниот кодрант.
27
Сте слушале дека е речено: ’Не прави прељуба!‘
28
А Јас ви велам дека секој што погледнува на жена со похота кон неа, тој веќе извршил прељуба со неа во своето срце.
29
Ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро е за тебе да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот.
30
И ако твојата десна рака те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
31
Уште било речено: ’Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде разводно писмо.‘
32
А Јас ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја наведува да прави прељуба; и ако некој се ожени со така оставена, тој прави прељуба.
33
Сте слушале и дека на старите им било речено – ’Не колни се лажно, туку исполнувај ги своите заклетви пред Господа.‘
34
А Јас ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, зашто е Божји престол;
35
ниту во земјата, зашто е подножје на Неговите нозе; ниту во Ерусалим, зашто е град на великиот Цар.
36
Не колни се ниту во својата глава, зашто не можеш ниту едно влакно да направиш бело или црно.
37
Вашиот збор да биде: ’Да, да‘, или ’не, не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од злиот е.
38
Сте слушале дека е речено: ’Око за око и заб за заб.‘
39
А Јас ви велам: не противете му се на злиот. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот.
40
А на оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе туниката, дај му ја и наметката.
41
И ако некој те натера да одиш со него една милја, оди со него две.
42
На оној што бара од тебе, дај му, и не одбивај го оној што сака да позајми од тебе.
43
Сте слушале дека е речено: ’Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател.‘
44
А јас ви велам: љубете ги своите непријатели, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат,
45
за да бидете синови на вашиот Отец, Кој е на небесата; зашто Тој прави Неговото сонце да изгрева и врз лошите и врз добрите, и им праќа дожд и на праведните и на неправедните.
46
Зашто ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ќе ви биде наградата? Не го прават ли истото и даночниците?
47
И, ако ги поздравувате само своите браќа, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците?
48
И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Recommended Reading
Commentary
Matthew Commentaries
→
Devotional
Matthew Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Нов Превод на Новиот Завет ) Study Bible
→