bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 6
Matthew 6
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 7 →
1
Внимавајте вашата милостина да не ја правите пред луѓето, само за да бидете забележани; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец, Кој е на небесата.
2
И така, кога правиш милостина, не разгласувај пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да бидат фалени од луѓето. Вистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда.
3
А ти кога правиш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната,
4
за твојата милостина да биде во тајност; и тогаш, твојот Отец, што гледа во тајност, Самиот ќе те награди јавно.
5
И, кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да се молат стоејќи по синагогите и крстосниците за да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда.
6
Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец што е во тајност; и твојот Отец што гледа во тајност, ќе те награди јавно.
7
Кога се молите, не говорете многу, како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени.
8
И така, не бидете како нив, зашто вашиот Отец знае од што имате потреба уште пред да Го помолите.
9
Туку вие молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;
10
да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;
11
лебот наш насушен дај ни го денес;
12
и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници;
13
и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот; зашто Твое е царството, и силата, и славата во вечни векови. Амин!
14
Бидејќи, ако им ги простите на луѓето нивните грешки, и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен.
15
Ако, пак, не им ги простите грешките на луѓето, ниту вашиот Отец нема да ви ги прости вашите грешки.
16
Кога постите, не бидете натажени како лицемерите; зашто тие си ги изобличуваат лицата за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам дека тие веќе ја добиле својата награда.
17
А ти, кога постиш, помажи си ја главата и измиј си го лицето,
18
па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, што е во тајност; и твојот Отец, што гледа во тајност, ќе те награди јавно.
19
Не собирајте си богатства на земјата, каде ги јадат молецот и 'рѓата, и каде крадците ги поткопуваат и крадат;
20
но собирајте си богатства на небото, каде ниту молец, ниту 'рѓа ги јаде, и каде крадци не ги поткопуваат, ниту крадат.
21
Зашто, каде што е вашето богатство, таму ќе ви биде и срцето.
22
Окото е светило за телото. И така, ако ти е чисто окото, целото тело ќе ти биде светло;
23
ако, пак, окото ти е лошо, целото тело ќе ти биде во темнина. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш колкава ли ќе е темнината?!
24
Никој не може да им служи на двајца господари: зашто или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го возљуби; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите и на Бога и на Мамон.
25
Затоа ви велам: не грижете се за вашиот живот – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за вашето тело, во што ќе се облечете. Зар не чини животот повеќе од храната, и телото – од облеката?
26
Погледнете ги небесните птици: ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбар собираат, и вашиот Отец небесен ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?
27
А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт?
28
Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат;
29
но ви велам дека ниту Соломон, во целата своја слава, не се облече како ниту еден од нив.
30
Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, нема ли многу повеќе да ве облече вас, маловерни!?
31
Затоа, не грижете се и не говорете: ’што да јадеме, или што да пиеме‘, или ’во што да се облечеме?‘
32
Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека сето тоа ви е потребно.
33
Но барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде.
34
И затоа, не грижите се за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; доволно му е на денот неговото зло.“
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28