bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 21
Matthew 21
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 22 →
1
А кога наближија до Ерусалим и дојдоа во Витфагија, кај Маслиновата Гора, Исус испрати двајца ученици,
2
и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас, и веднаш ќе најдете врзана магарица и прле со неа; одврзете ги и доведете Ми ги!
3
А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господ и тој веднаш ќе ги прати.“
4
А сето тоа се случи за да се исполни кажаното преку пророкот, кој вели:
5
„Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот Цар доаѓа кај тебе кроток и седи на магарица и прле, младенче од подјаремница.“
6
Учениците отидоа и направија така, како им заповеда Исус.
7
Ги доведоа магарицата и прлето и ги положија на нив своите алишта, и Тој седна на нив.
8
А мнозина од народот ги постилаа по патот своите облеки; други, пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот;
9
а народот што врвеше пред Него и по Него, извикуваше: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово! Осана во висините!“
10
И кога влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи, велејќи: „Кој е Овој?“
11
А народот говореше: „Овој е Исус, пророкот од Назарет Галилејски.“
12
И Исус влезе во Божјиот храм и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги преврте масите на менувачите и столовите на оние што продаваа гулаби,
13
и им рече: „Напишано е: ’Мојот дом ќе се нарече дом за молитва‘, а вие го направивте разбојничка пештера.“
14
И Му пријдоа во храмот куци и слепи, и Тој ги излекува.
15
А првосвештениците и книжниците, кога ги видоа чудата што ги направи, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Синот Давидов!“, негодуваа,
16
и Му рекоа: „Слушаш ли што велат тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш не сте читале: ’Од устата на новороденчиња и од доенчиња Ти си приготвил пофалба?‘“
17
И кога ги остави, излезе надвор од градот, во Витанија, и таму преноќи.
18
А наредното утро, враќајќи се во градот, огладне;
19
и покрај патот виде една смоква, па отиде до неа; но откако не најде на неа ништо освен лисја, ѝ рече: „Да нема веќе род на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши.
20
Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!“
21
А Исус им одговори: „Вистина ви велам: ако имате вера и не се посомневате, не само тоа што се случи со смоквата ќе го правите, туку ако и на оваа планина ѝ речете – дигни се и фрли се во морето, тоа ќе биде.
22
И сѐ што ќе побарате во молитва, ако имате вера, ќе добиете.“
23
И кога Тој дојде во храмот и поучуваше, Му пристапија првосвештениците и старешините на народот и рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“
24
А Исус им одговори: „И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одговорите, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова.
25
Јовановото крштевање од каде беше: од небото или од луѓето?“ А тие разговараа меѓу себе, велејќи: „Ако кажеме ’од небото‘, ќе ни рече: ’Тогаш зошто не му поверувавте?‘
26
А ако кажеме ’од луѓето‘, се плашиме од народот; зашто сите го сметаат Јован за пророк.“
27
И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Тој им рече: „Ниту Јас не ви кажувам со каква власт го правам ова.“
28
„Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ’Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘
29
Тој одговори: ’Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде.
30
Отиде и кај вториот, и му го рече истото. Тој одговори: ’Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде.
31
Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му рекоа: „Првиот.“ Тогаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека даночниците и блудниците пред вас ќе влезат во царството Божјо:
32
зашто Јован дојде кај вас по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а даночниците и блудниците му поверуваа; а вие, и откако видовте не се покајавте за да му поверувате.“
33
„Чујте друга парабола! Си беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го огради, ископа место за преса, соѕида кула и, откако им го предаде на лозарите, замина на пат.
34
И, кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слуги за да ги приберат неговите плодови.
35
Но лозарите ги фатија неговите слуги, па едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот го каменуваа.
36
Тој повторно испрати други слуги, повеќе од првите; но и со нив постапија исто.
37
Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи си: ’Ќе се засрамат од син ми.‘
38
Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ’Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство.‘
39
Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија.
40
Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“
41
Му одговорија: „Злосторниците жестоко ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“
42
А Исус им рече: „Зар никогаш не сте читале во Писмата: ’Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник; тоа е од Господ и чудесно е во нашите очи.‘
43
Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе му се даде на народ што ги принесува неговите плодови.
44
И кој ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“
45
И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив,
46
па настојуваа да Го фатат; но се плашеа од народот, кој Го сметаше за пророк.
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 22 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28