bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 26
Matthew 26
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 27 →
1
И, кога Исус ги заврши сите овие слова, им рече на Своите ученици:
2
„Знаете дека по два дена ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде предаден на распнување.“
3
Тогаш првосвештениците, книжниците и старешините на народот се собраа во дворот на првосвештеникот по име Кајафа,
4
и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат;
5
но рекоа: „Само не на празникот, за да не настане бунт меѓу народот.“
6
А кога Исус беше во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот,
7
Му пријде една жена со алабастерен сад со скапоцено миро, и го изли врз Неговата глава, кога Тој седеше на трпезата.
8
А кога го видоа тоа Неговите ученици, негодуваа и рекоа: „Какво е тоа растурање?
9
Зашто тоа миро можеше да се продаде за многу пари и тие да им се раздадат на сиромасите.“
10
Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја обеспокојувате жената? Таа направи добро дело кон Мене!
11
Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш;
12
таа, излевајќи го тоа миро врз Моето тело, Ме приготви за погреб.
13
Вистина ви велам: каде и да биде проповедано ова благовестие, по цел свет, во нејзин спомен, ќе се раскажува и тоа што таа го направи.“
14
Тогаш еден од дванаесеттемина, по име Јуда Искариотски, отиде кај првосвештениците
15
и рече: „Што ќе ми дадете, за да ви Го предадам?“ А тие му предложија триесет сребреника.
16
И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.
17
А во првиот ден на празникот Бесквасници пристапија кон Исус учениците и Му рекоа: „Каде сакаш да Ти приготвиме да ја јадеш Пасхата?“
18
Тој им рече: „Отидете во градот кај тој и тој човек и кажете му: ’Учителот вели: времето Ми наближи, кај тебе ќе ја прославам Пасхата со Своите ученици.‘“
19
Учениците постапија како што им заповеда Исус и ја приготвија Пасхата.
20
А кога се стемни, Тој седна на трпезата со дванаесеттемина.
21
И дури јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“
22
Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“
23
А Тој им одговори: „Оној што макна со Мене во чинијата, тој ќе Ме предаде.
24
Синот Човечки си оди, како што е напишано за Него; но тешко на оној човек преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек да не се беше родил.“
25
А Јуда, што Го предаде, праша: „Да не сум јас, Рави?“ Исус му одговори: „Ти рече.“
26
И кога јадеа, Исус зеде леб и, откако заблагодари, го прекрши, и им даде на учениците и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“
27
Потоа ја зеде чашата, и откако заблагодари, им ја даде, велејќи: „Пијте од неа сите;
28
зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите.
29
И ви велам дека отсега нема да пијам од овој лозов плод сѐ до оној ден кога ќе пијам нов со вас во царството на Мојот Отец.“
30
И, откако испеаја благодарствена песна, отидоа во Маслиновата Гора.
31
Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе се соблазните поради Мене во оваа ноќ; зашто е напишано: ’Ќе удрам по пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.‘
32
А по Моето воскресение ќе отидам пред вас во Галилеја.“
33
Тогаш Петар Му одговори и рече: „Дури и сите да се соблазнат поради Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.“
34
Исус му рече: „Вистина ти велам: оваа ноќ, уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“
35
Петар Му кажа: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе!“ Истото го рекоа сите ученици.
36
Потоа Исус отиде со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.“
37
И ги поведе со Себе Петар и двајцата Зеведееви синови, па се нажали и почна да тагува.
38
Тогаш Исус им рече: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и бидете будни со Мене!“
39
Па, откако малку се оддалечи, падна ничкум со лицето на земјата и се молеше, велејќи: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како што сакаш Ти.“
40
Па дојде кај учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петар: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни!?
41
Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение; духот е бодар, но телото е слабо.“
42
И отиде по вторпат и се помоли, говорејќи: „Оче Мој, ако не може да ме одмине оваа чаша без да ја пијам, нека биде волјата Твоја!“
43
Кога се врати, повторно ги затекна како спијат, зашто очите им беа натежнале.
44
И повторно ги остави, па отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите зборови.
45
Тогаш дојде кај Своите ученици и им рече: „Сѐ уште спиете и одмарате! Ете, наближи часот и Синот Човечки се предава во рацете на грешници.
46
Станете, да одиме! Ете, се приближува оној што Ме предава.“
47
Додека Тој уште говореше, ете, дојде Јуда, еден од дванаесеттемина, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратени од првосвештениците и народните старешини.
48
А оној што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Оној што ќе Го целивам, Тој е; Него фатете Го!“
49
И веднаш Му пријде на Исус и Му рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива.
50
А Исус му рече: „Пријателе, зошто си дошол?“ Тогаш пристапија, ги ставија раце врз Исус и Го фатија.
51
И ете, еден од оние што беа со Исус, протегна рака и го извади својот нож, па го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.
52
Тогаш Исус му рече: „Врати го ножот на неговото место. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат;
53
или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?
54
Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не се случи?“
55
Во тој час Исус му рече на народот: „Зар како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови, за да Ме фатите? Секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте.
56
Но сето тоа се случи за да се исполнат Писанијата на пророците.“ Тогаш сите ученици Го оставија и се разбегаа.
57
А оние што Го беа фатиле Исус, Го одведоа кај првосвештеникот Кајафа, каде што беа собрани книжниците и старешините.
58
Петар, пак, одеше по Него оддалеку, до дворот на првосвештеникот; и влезе внатре, па седна со поданицте за да го види крајот.
59
А првосвештениците и старешините и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исус, за да Го погубат
60
и не најдоа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца лажни сведоци
61
и рекоа: „Овој кажа: ’Можам да го урнам Божјиот храм и за три дена да го соѕидам.‘“
62
Тогаш првосвештеникот стана и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“
63
Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Синот Божји?“
64
Исус му одговори: „Ти рече! Но Јас ви велам: отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.“
65
Тогаш првосвештеникот ја раскина својата облека и рече: „Овој богохули! Каква потреба имаме веќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење!
66
Што мислите?“ А тие одговорија: „Заслужува смрт!“
67
Тогаш Го плукаа в лице и Го тепаа, а други Го удираа по образите,
68
и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“
69
А Петар седеше надвор во дворот. И му пријде една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“
70
Но тој одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“
71
А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус Назареецот!“
72
И повторно одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“
73
А малку потоа пристапија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот те издава!“
74
Тогаш тој почна да се колне и заколнува: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел.
75
И Петар се сети на Исусовите зборови: „Уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“ Па излезе надвор и горко плачеше.
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 27 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28