bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 15
Matthew 15
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 16 →
1
Тогаш некои од ерусалимските книжници и фарисеи пристапија кон Исус, велејќи:
2
„Зошто Твоите ученици го престапуваат преданието на старешините? Зашто не си ги мијат рацете кога јадат леб.“
3
А Тој им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?
4
Зашто Бог заповедал и рекол: ’Почитувај ги својот татко и својата мајка‘, и ’кој злослови против својот татко или својата мајка, со смрт да се казни‘.
5
А вие велите: ’Ако некој му рече на својот татко или на својата мајка: дар за Бога ми е, она што од мене сакаш да го ползуваш‘, тогаш тој не мора да ги почитува својот татко или својата мајка!
6
Така ја укинавте Божјата заповед заради вашето предание!
7
Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи:
8
’Овој народ се приближува до Мене со својата уста и со усните Ме почитува, а неговото срце стои далеку од Мене;
9
но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘“
10
И, откако го повика народот, рече: „Слушајте и разберете!
11
Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот.“
12
Тогаш Неговите ученици Му пристапија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“
13
А Тој, одговарајќи им, рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне;
14
оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, обајцата ќе паднат во јама.“
15
Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“
16
А Исус им рече: „И вие ли сѐ уште не сфаќате?
17
Зар не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрла надвор?
18
А она што излегува од устата, излегува од срцето и тоа го осквернува човекот;
19
зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блуд, кражби, лажни сведоштва, богохулства;
20
тоа го осквернува човекот. А да се јаде со неизмиени раце, тоа не го осквернува човекот.“
21
И, кога излезе оттаму, Исус замина во Тирските и Сидонски краишта.
22
И ете, една жена Хананејка излезе од оние краишта и гласно извика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“
23
Но Тој не ѝ одговори ниту збор. И Неговите ученици пристапија до Него и Го молеа, велејќи: „Кажи ѝ да си оди, зашто вика по нас.“
24
А Тој одговарајќи, рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на Израилевиот дом.“
25
Но таа дојде, падна ничкум пред Него и велеше: „Господи, помогни ми!“
26
Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“
27
Таа, пак, рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.“
28
Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба!“ И во тој час нејзината ќерка оздраве.
29
Штом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму.
30
И дојде кај Него многу народ, што со себе носеше куци, слепи, неми, сакати и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги излечи,
31
така што народот се восхитуваше гледајќи како неми прозборуваат, сакати оздравуваат, куци проодуваат и слепи прогледуваат. И Го прославуваше Израилевиот Бог.
32
А Исус, кога ги повика Своите ученици, им рече: „Жал ми е за луѓето, зашто веќе три дена се со Мене и немаат што да јадат; а не сакам да ги распуштам гладни, за да не премалат по патот.“
33
Но Неговите ученици Му рекоа: „Од каде при нас толку леб во пустинава, за да се нахрани толку народ?“
34
Исус ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум и неколку рипчиња.“
35
Тогаш Исус му заповеда на народот да седне на земјата.
36
И, откако ги зеде седумте леба и рибите, заблагодари, ги прекрши и им ги даде на Своите ученици, а учениците – на народот.
37
И јадеа сите и се наситија; и кренаа седум полни кошници со останати парчиња.
38
А оние што јадеа беа четири илјади мажи, не броејќи ги жените и децата.
39
Па, штом го распушти народот, влезе во коработ и дојде во Магдалските краишта.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28