bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 18
Matthew 18
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 19 →
1
Во тој час учениците Му пристапија на Исус, велејќи: „Кој е најголем во царството небесно?“
2
И Исус повика едно дете, го постави меѓу нив
3
и рече: „Вистина ви велам, ако не се преобратите и не станете како деца, нема да влезете во царството небесно.
4
Кој ќе се понизи како ова дете, тој е најголем во царството небесно.
5
И кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“
6
„А кој ќе соблазни едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него би било подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морската длабочина.
7
Тешко на светот поради соблазните, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко на оној човек преку кого доаѓа соблазната.
8
Ако те соблазнува твојата рака или нога, отсечи ја и фрли ја од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот куц или сакат, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган;
9
и ако те соблазнува твоето око, извади го и фрли го од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да бидеш фрлен во огнениот пекол.“
10
„Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата постојано го гледаат лицето на Мојот Отец небесен.
11
Зашто Синот Човечки дојде да го спаси загубеното.
12
Што мислите? Ако некој човек има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената?
13
Па, ако ја најде, вистина ви велам, ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени.
14
Така, и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие мали.“
15
„Ако се огреши кон тебе твојот брат, отиди и укори го насамо; ако те послуша, си го придобил својот брат;
16
ако не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, па од устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;
17
ако, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на црквата; па, ако и црквата не ја послуша, тогаш тој нека ти биде како незнабожец и како даночник.“
18
„Вистина ви велам: сѐ што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.
19
Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец, Кој е на небесата;
20
зашто, каде двајца или тројца се собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив.“
21
Тогаш Петар Му пристапи и рече: „Господи, колкупати да му простам на брат ми кога ќе се огреши кон мене? До седумпати ли?“
22
Исус му одговори: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум.“
23
„Затоа царството небесно прилега на цар кој посака да ја расчисти сметката со своите слуги.
24
Кога почна да ја расчистува, му доведоа еден што му должеше десет илјади таланти;
25
па, бидејќи немаше со што да плати, господарот нареди да ги продадат него, и жена му и децата, и сѐ што имаше, за да си наплати.
26
Тогаш тој слуга падна ничкум и му се поклонуваше, говорејќи: ’Господаре, биди трпелив спрема мене и сѐ ќе ти платам.‘
27
И господарот на тој слуга се смилува, го пушти и му го прости долгот.
28
Слугата, пак, штом излезе, најде еден од своите сослужители, кој му должеше сто динарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ’Врати ми го она што ми го должиш!‘
29
Тогаш неговиот сослужител падна ничкум пред неговите нозе и го молеше, велејќи: ’Биди трпелив спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!‘
30
Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли в затвор, додека не му го исплати долгот.
31
Другите негови сослужители, кога видоа што се случи, многу се натажија, па отидоа и му кажаа на својот господар за сѐ што се случи.
32
Тогаш неговиот господар го повика и Му рече: ’Зол слуго! Јас ти го простив целиот долг, зашто ме молеше;
33
не требаше ли и ти да се смилуваш над својот сослужител, како што се смилував и јас над тебе?‘
34
И се разгневи неговиот господар, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот долг.
35
Така и Мојот Отец небесен ќе постапи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце грешките на својот брат.“
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 19 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28