bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Matthew 13
Matthew 13
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
1
Во тој ден, Исус излезе од куќата и седна покрај морето.
2
И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот.
3
И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее;
4
и додека сееше, едни зрна паднаа покрај патот, па долетаа птици и ги исколваа.
5
Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу никнаа, зашто земјата не беше длабока.
6
Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија.
7
Некои паднаа во трње; и трњата израснаа и ги задушија.
8
Други, пак, паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.
9
Кој има уши да слуша, нека чуе.“
10
И учениците пристапија до Него и Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“
11
А Тој им одговори и рече: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.
12
Бидејќи, на оној што има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а на оној што нема, ќе му се земе и она што го има.
13
Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не можат да видат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбираат;
14
и над нив се исполнува пророштвото на Исаија, кој вели: ’Со уши ќе слушате и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите;
15
зашто срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле своите очи за да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се преобратат и да ги исцелам.‘
16
А вашите очи се блажени зашто гледаат и вашите уши – зашто слушаат;
17
бидејќи вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да го видат она што го гледате вие, и не го видоа; и да го чујат она што го слушате вие, и не го чуја.“
18
„Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот.
19
Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа злиот и го граба посеаното во неговото срце; тоа е посеаното покрај патот.
20
А посеаното на каменито место е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима;
21
но нема во себе корен и е непостојан: дојде ли мака или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
22
Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижата од овој свет и примамливоста на богатството го задушуваат словото и тоа станува бесплодно.
23
А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и кој дава род, па донесува: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“
24
И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива.
25
Но, додека луѓето спиеја, дојде неговиот непријател и посеа какол меѓу житото, па си отиде.
26
А кога израсна растението и донесе род, тогаш се појави и каколот.
27
И дојдоа слугите на домаќинот и му рекоа: ’Господаре, нели добро семе посеа на својата нива? Од каде, пак, сега има какол?‘
28
А тој им рече: ’Непријателот го направи тоа!‘ Слугите, пак, му рекоа: ’Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?‘
29
Но тој им рече: ’Не, за да не се случи, корнејќи го каколот, заедно со него да го искорнете житото;
30
оставете нека растат и едното и другото, заедно до жетвата; а за време на жетвата ќе им кажам на жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да изгори; а житото приберете го во мојот амбар.‘“
31
И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на синапово зрно, што човек го зел и го посеал на својата нива.
32
Тоа е најмало од сите семиња, но кога ќе израсне, поголемо е од сите зеленчуци, па станува дури и дрво, така што небесните птици долетуваат и се вгнездуваат на неговите гранки.“
33
И друга парабола им кажа: „Небесното царство прилега на квас, што го зела жена и го ставила во три мери брашно, додека целото да скисне.“
34
Сето ова Исус му го зборуваше на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо;
35
за да се исполни реченото преку пророкот, кој вели: „Со параболи ќе ја отворам Својата уста; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот.“
36
Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците Му пристапија и Му рекоа: „Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата!“
37
А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.
38
Нивата е светот; доброто семе се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот.
39
Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите.
40
Па така, како што се собира каколот и се гори во оган, така ќе биде и на крајот на овој свет.
41
Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели и ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни и сите оние што вршат беззаконие,
42
и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе биде плач и крцкање со заби.
43
Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонцето во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
44
„Царството небесно прилега и на богатство сокриено во нива, што го нашол човек и сокрил, па, од радост за него, оди и продава сѐ што има, и ја купува таа нива.“
45
„Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери;
46
па, штом најде еден скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.“
47
„Царството небесно прилега уште и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби;
48
и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат надвор.
49
Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните
50
и ќе ги фрлат во огнена печка: таму ќе биде плач и крцкање со заби.“
51
Исус ги праша: „Дали го разбравте сето ова?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“
52
А Тој им рече: „Затоа секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на човек домаќин што од својата ризница изнесува и ново и старо.“
53
И, откако ги заврши овие параболи, Исус си замина оттаму.
54
А штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во нивната синагога така што сите се чудеа и велеа: „Од каде кај Него ваква мудрост и моќ?
55
Нели е Овој син на дрводелецот? Нели мајка Му се вика Марија, а Неговите браќа – Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
56
И нели сите Негови сестри се меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа кај Него?“
57
И се соблазнуваа поради Него. А Исус им рече: „Ниеден пророк не е без чест, освен во својот роден крај и во својот дом.“
58
И не направи таму многу чуда поради нивното неверие.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28