bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 1
Mark 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 2 →
1
Почеток на благовестието на Исус Христос, Син Божји.
2
Како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред Твоето лице Мојот ангел, кој ќе го подготви Твојот пат пред Тебе.
3
Гласот на оној што вика во пустината: ’Подгответе го патот на Господа, исправете ги Неговите патеки.‘“
4
Се појави Јован, крштевајќи во пустината и проповедајќи покајно крштевање за простување на гревовите.
5
И доаѓаа кај него од целата јудејска земја и од Ерусалим, и сите се крштеваа од него во реката Јордан, исповедајќи ги своите гревови.
6
А Јован беше облечен во камилски влакна и појас од кожа околу својата половина, и јадеше скакулци и див мед.
7
Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Оној што е посилен од мене, Кому не сум достоен да Му се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките.
8
Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух.“
9
А во оние денови дојде Исус од Назарет галилејски и се крсти од Јован во Јордан.
10
И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата и како Духот, во вид на гулаб, слегува над Него.
11
И се слушна глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“
12
Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината.
13
И таму, во пустината, четириесет дена беше искушуван од сатаната; беше со ѕверовите и ангелите Му служеа.
14
А потоа, откако Јован беше затворен, Исус дојде во Галилеја и го проповедаше благовестието за царството Божјо,
15
велејќи: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во благовестието.“
16
И, одејќи покрај Галилејското Море, Исус ги виде Симон и Андреј, Симоновиот брат, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари.
17
Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“
18
И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
19
Па, штом отиде уште малку понатаму, ги виде Јаков Зеведеев и брат му Јован кои, исто така, беа во кораб и си ги крпеа мрежите;
20
веднаш ги повика и нив. И тие, откако го оставија својот татко Зеведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
21
И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поучуваше.
22
И се чудеа на Неговата наука, зашто Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.
23
А во нивната синагога имаше еден човек со нечист дух, кој извика, велејќи:
24
„Што имаш Ти со нас, Исусе Назареецу?! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си – Божјиот Светец!“
25
Но Исус му заповеда, велејќи: „Замолкни и излези од него!“
26
Тогаш нечистиот дух го стресе човекот и, извикувајќи со силен глас, излезе од него.
27
И сите се ужаснаа, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Какво е ова ново учење, штом со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат?“
28
И веднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.
29
Штом излегоа од синагогата, со Јаков и Јован дојдоа во куќата на Симон и Андреј.
30
А тештата на Симон лежеше со треска; и веднаш Му кажаа за неа.
31
Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа им служеше.
32
А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесоа секакви болни и опседнати од демони.
33
И целиот град се беше собрал пред вратата.
34
И Тој излечи мнозина болни што страдаа од разни болести; истера мноштво демони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат дека знаат оти Тој е Христос.
35
А следното утро, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место и таму се молеше.
36
А Симон и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат;
37
па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“
38
А Тој им рече: „Да појдеме до блиските села и градови, и таму да проповедам, бидејќи затоа дојдов.“
39
И проповедаше во нивните синагоги, по цела Галилеја и изгонуваше демони.
40
И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна на колена пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“
41
А Исус се смилува, ја испружи раката, се допре до него и му рече: „Сакам, очисти се!“
42
И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој се очисти;
43
Па го отпушти и строго му заповеда,
44
велејќи му: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; туку отиди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за твоето очистување, како што заповедал Мојсеј, за ним да им се посведочи.“
45
А тој, штом излезе, почна многу да проповеда и да разгласува за тоа, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, туку се задржуваше надвор, во осамени места. И доаѓаа кај Него отсекаде.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16