bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 2
Mark 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 3 →
1
По неколку дена, Тој повторно дојде во Капернаум; и се расчу дека е во куќата.
2
Веднаш се собраа мнозина, така што немаше место ни пред вратата; а Тој им го проповедаше словото.
3
И дојдоа кај Него со еден неподвижен, кого го носеа четворица;
4
па, бидејќи не можеа да пријдат до Него од народот, го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Тој, и ја спуштија постелата, на која лежеше неподвижниот.
5
А Исус, гледајќи ја нивната вера, му рече на неподвижниот: „Синко, ти се простуваат гревовите!“
6
Таму седеа некои од книжниците и си помислија во своите срца:
7
„Зошто Овој такви хули изговара?! Кој може да простува гревови, освен единиот Бог?“
8
Исус веднаш дозна со Својот дух дека тие така мислат во себе, па им рече: „Зошто го помислувате тоа во своите срца?
9
Што е полесно – да му кажам на неподвижниот: ’Ти се простуваат гревовите‘, или да кажам: ’Стани, земи си ја постелата и оди‘?
10
Но за да знаете дека Синот Човечки има власт да проштева гревови на земјата“ – му рече на неподвижниот –
11
„Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“
12
И тој веднаш стана, па, штом ја зеде постелата, излезе пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Никогаш вакво нешто не сме виделе!“
13
И Исус повторно излезе покрај морето, и сиот народ доаѓаше кај Него, и Тој ги поучуваше.
14
И минувајќи, го виде Левиј Алфеев, кој седеше на местото за прибирање данок, и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него.
15
А кога Исус седеше на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и Неговите ученици и многу даночници и грешници; зашто тие беа мнозина и врвеа по Него.
16
Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со даночници и грешници, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто Тој јаде и пие со даночници и со грешници?“
17
Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.“
18
Учениците на Јован и на фарисеите постеа. И дојдоа некои, па Му велеа: „Зошто учениците на Јован и на фарисеите постат, а Твоите ученици не постат?“
19
Исус им рече: „Зар можат сватовите да постат кога младоженецот е со нив!? Додека е со нив младоженецот, тие не можат да постат;
20
но ќе дојдат денови, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие денови, и тие ќе постат.
21
Никој не крпи ново парче ткаенина врз стара облека; инаку, нејзиното ново парче ќе се откине од старото и отворот ќе биде уште поголем.
22
И никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расцепи мевовите и виното ќе истече, а мевовите ќе се упропастат; туку ново вино се става во нови мевови.“
23
И се случи во саботен ден да минува преку нивите, и врвејќи, Неговите ученици почнаа да кинат класје.
24
А фарисеите Му рекоа: „Гледај, зошто го прават во сабота тоа што не е допуштено?“
25
Но Тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога имаше потреба и огладне тој и оние што беа со него?
26
Како, во времето на првосвештеникот Авијатар, влезе во Божјиот дом и ги изеде лебовите на предложението, што не смееше да ги јаде никој друг освен свештениците, па им даде и на оние што беа со него!“
27
Потоа продолжи: „Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата.
28
Па така, Синот Човечки е господар и на саботата.“
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16