bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 5
Mark 5
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 6 →
1
Преминаа на другата страна на морето, во Гадаринската земја.
2
И кога Тој излезе од коработ, веднаш од гробовите Го пресретна еден човек со нечист дух,
3
кој престојуваше во гробовите, и дури и со синџири никој не можеше да го врзе;
4
зашто многупати беше ставан во окови и во синџири, ама ги кршеше оковите и ги раскинуваше синџирите, и никој не можеше да го скроти.
5
Постојано, ноќе и дење, тој беше во гробовите и по ридиштата, викаше и се удираше со камења.
6
Штом Го виде Исус оддалеку, притрча и падна ничкум пред Него.
7
Па извикувајќи со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“
8
Зашто Исус му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“
9
И го праша: „Како ти е името?“ А тој одговори и рече: „Легија ми е името, зашто сме многумина.“
10
И многу Го молеа да не ги брка од таа земја.
11
А таму, по ридот, пасеше големо стадо свињи.
12
И сите демони Го молеа и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“
13
И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна стадото низ стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
14
А оние што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по селата. И излегоа луѓето да видат што станало.
15
И дојдоа кај Исус и го видоа опседнатиот од демони во кого имаше легија, како седи облечен и со здрав ум; и се уплашија.
16
А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со демоноопседнатиот и со свињите.
17
И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта.
18
А кога се качи во коработ, оној, што претходно беше опседнат од демони, Го помоли да биде со Него.
19
Исус не му дозволи, туку му рече: „Оди си дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“
20
Тој отиде и почна да раскажува по Десетградието за она што Исус му го направи. И сите се чудеа.
21
А кога Исус повторно премина со коработ на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето.
22
И ете, дојде еден од старешините на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред Неговите нозе
23
и усрдно Го молеше говорејќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете на неа, за да оздрави и да живее!“
24
И Исус појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа.
25
Една жена, што боледуваше од крвотечение дванаесет години,
26
и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и без никаква полза, а ѝ станало дури уште полошо,
27
штом чу за Исус, дојде меѓу народот одзади и се допре до Неговата облека;
28
зашто си велеше: „Само ако се допрам до Неговата облека, ќе оздравам.“
29
И веднаш престана крвотечението и таа почувстува во своето тело дека е излекувана од болеста.
30
А Исус веднаш почувствува во Себе дека од Него излезе сила, па се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до мојата облека?“
31
Неговите ученици Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ’Кој се допре до Мене?‘“
32
Но Тој гледаше наоколу, за да ја види онаа што го направи тоа.
33
А жената, уплашена и растреперена, знаејќи што стана со неа, пријде, падна ничкум пред Него и Му ја кажа целата вистина.
34
А Тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те спаси; оди си во мир и биди здрава од својата болест!“
35
Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај старешината на синагогата и рекоа: „Ќерка ти умре; зошто уште Му додеваш на Учителот?“
36
Но Исус, само што ги чу зборовите што ги кажаа, му рече на старешината на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“
37
И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков и на Јован, братот на Јаков.
38
Дојде во куќата на старешината на синагогата и виде метеж, плачење и силно лелекање.
39
И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Детето не е умрено, туку спие!“
40
А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на детето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето.
41
И го фати детето за рака, па му рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Девојче, тебе ти велам, стани!“
42
И девојчето веднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите многу се вчудовидоа.
43
А Тој строго им заповеда никој да не разбере за тоа, и рече да ѝ дадат да јаде!
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16