bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 15
Mark 15
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 16 →
1
И изутрината, првосвештениците одржаа состанок со старешините и книжниците и целиот Синедрион, па Го врзаа Исус, Го одведоа и му Го предадоа на Пилат.
2
А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти велиш.“
3
И првосвештениците Го обвинуваа за многу работи.
4
А Пилат повторно Го праша, велејќи: „Ништо ли не одговараш? Гледаш ли за колку работи Те обвинуваат!?“
5
Но Исус повеќе не одговори ништо, така што Пилат се чудеше
6
А на секој празник им ослободуваше по еден осуденик, кого тие ќе побараа.
7
И имаше некој, по име Варава, кој беше окован со своите бунтовници кои при еден бунт извршиле убиство.
8
И, викајќи, народот почна да го моли Пилат да им го направи она што секогаш го правеше.
9
А Пилат им одговори, велејќи: „Сакате ли да ви Го ослободам Царот на Јудејците?“
10
Зашто знаеше дека првосвештениците Го беа предале од завист.
11
Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го ослободи Варава.
12
А Пилат одговори повторно и им рече: „Тогаш што сакате да направам со Оној Кого Го нарекувате Цар Јудејски?“
13
Тие одново гласно извикаа: „Распни Го!“
14
Пилат им рече: „Па какво зло направил?“ Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!“
15
Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го ослободи Варава, а Исуса Го камшикуваше и Го предаде да биде распнат.
16
Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета,
17
па Му облекоа пурпурна наметка, и откако сплетоа трнов венец, Му го ставија на главата;
18
и почнаа да Го поздравуваат: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“
19
И Го удираа по главата со трска, плукаа на Него и, паѓајќи на колена, Му се поклонуваа.
20
А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа пурпурната наметка, Му ја облекоа Неговата облека и Го поведоа да Го распнат.
21
И натераа еден минувач, кој се враќаше од поле, некој Симон Киринеец, таткото на Александар и на Руф, да Му го носи крстот.
22
Па Го доведоа на местото Голгота, што преведено значи: Черепно Место.
23
И Му дадоа да пие вино со смирна, но Тој не зеде.
24
И, штом Го распнаа, ги разделија Неговите алишта, фрлајќи ждрепка за нив, кој што да земе.
25
А беше третиот час кога Го распнаа.
26
И беше напишан натпис со Неговата вина: „Царот Јудејски.“
27
А со Него распнаа и двајца разбојници, едниот од десната, а другиот од Неговата лева страна.
28
И се исполни Писанието, кое вели: „И меѓу беззаконици Го ставија.“
29
А минувачите Го хулеа, нишајќи ги своите глави и велеа: „Еее! Ти, што го уриваш храмот и за три дена го соѕидуваш,
30
спаси се Себеси и слези од крстот!“
31
Исто така и првосвештениците со книжниците, потсмевајќи се говореа: „Други спасуваше, а Себеси не може да се спаси!
32
Христос, Царот Израилев, нека слезе сега од крстот, па да видиме и да Му поверуваме!“ Го исмејуваа и распнатите со Него.
33
А во шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час.
34
И во деветтиот час Исус извика со силен глас, велејќи: „Елои, Елои, Лима савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?“
35
И некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“
36
А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, го надена на трска па Му даваше да пие, велејќи: „Чекајте да видиме дали ќе дојде Илија да Го симне.“
37
А Исус испушти силен глас и издивна.
38
И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу.
39
А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек беше Син Божји!“
40
Имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалина, и Марија, мајката на Јаков Малиот и на Јосија, и Саломија,
41
кои и тогаш, кога Тој беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа, а имаше и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.
42
А кога веќе се стемни, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота,
43
дојде Јосиф од Ариматеја, угледен советник, кој и сам го очекуваше царството Божјо, и се осмели да влезе кај Пилат и го побара Исусовото тело.
44
Пилат се зачуди дека Тој веќе умрел; па го повика стотникот, го праша дали одамна умрел.
45
Па, штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф.
46
А Јосиф купи платно, го симна телото, го обви во платното и го положи во гроб, што беше издлабен во карпа, и навали камен на гробната врата.
47
А Марија Магдалина и Марија Јосиева гледаа каде Го полагаат.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16