bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 12
Mark 12
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 13 →
1
И почна да им говори во параболи: „Еден човек насади лозје, го огради, па ископа место за преса и соѕида кула; и им го предаде на лозарите, па замина на пат.
2
А кога дојде времето за берба, испрати кај лозарите слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето.
3
Но тие го фатија слугата, го претепаа и го испратија со празни раце.
4
И повторно испрати друг слуга кај нив; и него го нападнаа со камења и му ја расцепија главата, па го пратија посрамен.
5
Испрати и друг; него, пак, го убија; и мнозина други, од кои едните ги претепаа, другите ги убија.
6
А уште имаше и еден син, кој му беше возљубен; па најпосле го испрати и него кај нив, велејќи си: ’Ќе се засрамат од син ми.‘
7
Но лозарите си рекоа меѓу себе: ’Овој е наследникот; ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘
8
Па го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.
9
Што ќе направи господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други.
10
Зар не сте го читале ова во Писмото: ’Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник;
11
тоа е од Господ и чудесно е во нашите очи.‘“
12
И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, зашто разбраа дека за нив ја кажа параболата; па Го оставија и си отидоа.
13
А пратија кај Него неколкумина од фарисеите и од Иродовците, за да Го фатат на збор.
14
Тие дојдоа и Му рекоа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и дека не се плашиш од никого, зашто не се водиш според изгледот на луѓето, туку вистински поучуваш за Божјиот пат. Дозволено ли е да се дава данок на цезарот или не? Да даваме ли или да не даваме?“
15
А Тој, знаејќи го нивното лицемерие, им рече: „Зошто Ме искушувате? Донесете Ми еден динариј да го видам!“
16
И тие Му донесоа. Па им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Тие Му рекоа: „На цезарот.“
17
Тогаш Исус им одговори и рече: „Дајте го цезаревото на цезарот, а Божјото на Бога!“ И тие Му се чудеа.
18
Дојдоа кај Него и некои од садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа, говорејќи:
19
„Учителе, Мојсеј ни напиша: ’Ако некому му умре братот и остави жена, а не остави деца, неговата жена нека ја земе брат му и нека му подигне потомство на својот брат.‘
20
Си беа седуммина браќа: првиот зеде жена и кога умре, не остави пород.
21
Неа ја зеде вториот, и умре, но и тој не остави пород; исто така и третиот.
22
Ја зедоа сите седуммина, и не оставија пород. По нив умре и жената.
23
При воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив таа ќе му биде жена? Зашто седумтемина ја имаа за жена.“
24
А Исус им одговори и рече: „Зарем причината за вашата заблуда не е во тоа што не ги познавате ниту Писмата ниту Божјата сила?
25
Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат ниту ќе се мажат, туку ќе бидат како ангели на небесата.
26
А за мртвите, дека ќе воскреснат, зар не сте читале во книгите на Мојсеј, како му рече Бог кај капината, велејќи: ’Јас сум Бог на Авраам, и Бог на Исак и Бог на Јаков‘?
27
Тој не е Бог на мртвите, туку Бог на живите. Вие сте во голема заблуда!“
28
Тогаш пристапи еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат и откако виде дека Исус добро им одговараше, Го праша: „Која е првата од сите заповеди?“
29
А Исус му одговори: „Првата од сите заповеди е: ’Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ.
30
Затоа, возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила!‘ Ова е првата заповед.
31
А втората е слична на неа: ’Возљуби го својот ближен како себеси!‘ Друга заповед, поголема од овие, нема.“
32
Книжникот Му рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека Бог е еден и дека нема друг, освен Него;
33
и дека да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш својот ближен како себеси е поважно од сите сепаленици и жртви.“
34
Исус, пак, кога виде дека умно одговори, му рече: „Не си далеку од царството Божјо.“ И никој веќе не се осмелуваше да Го прашува.
35
И продолжувајќи да поучува во храмот Исус рече: „Како тоа книжниците велат дека Христос е син на Давид,
36
кога самиот Давид кажа преку Светиот Дух: ’Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе!‘
37
И така, сам Давид Го нарече Господ; како тогаш Тој може да му е син?“ И многу народ Го слушаше со задоволство.
38
И во Својата поука им рече: „Чувајте се од книжниците, кои милуваат да одат во долги облеки и да бидат поздравувани по пазариштата,
39
да имаат предни места во синагогите и први места на гозбите;
40
што ги подјадуваат домовите на вдовиците и навидум долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“
41
Па седна Исус спроти ризницата и гледаше како народот пушта пари во неа. Мнозина богати пуштаа многу.
42
И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што изнесува еден кодрант.
43
А Исус ги повика Своите ученици, и им рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица приложи повеќе од сите што пуштија во ризницата;
44
зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сѐ што имаше, сета своја издршка.“
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16