bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 8
Mark 8
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 9 →
1
Во тие денови, кога се беше собрал многу народ и немаа што да јадат, Исус ги повика Своите ученици и им рече:
2
„Жал ми е за народот, зашто веќе три дена се со Мене и немаат што да јадат.
3
Ако ги распуштам гладни по нивните куќи, ќе премалат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку.“
4
Учениците Му одговорија: „Од каде може некој сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустинава?“
5
И Тој ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“
6
Тогаш му заповеда на народот да седне на земјата; па, откако ги зеде седумте леба, заблагодари, ги прекрши и им ги даде на Своите ученици да ги разделат; и тие ги разделија на народот.
7
Имаа и малку рипчиња; па ги благослови и заповеда да ги раздадат и нив.
8
И јадеа и се наситија; и собраа седум кошници со останати парчиња.
9
А оние што јадеа, беа околу четири илјади. И ги распушти.
10
И веднаш влезе во коработ со Своите ученици и дојде во Далманутските предели.
11
И фарисеите излегоа и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, бараа од Него знак од небото.
12
А Тој воздивна длабоко и рече: „Зошто ова поколение бара знак? Вистина ви велам: на ова поколение нема да му се даде знак.“
13
И кога ги остави, повторно влезе во коработ и премина на другата страна.
14
А Неговите ученици беа заборавиле да ги земат лебовите, па освен еден леб немаа друго со себе во коработ.
15
А Тој ги опоменуваше, велејќи: „Внимавајте, чувајте се од квасот на фарисеите и од квасот на Ирод!“
16
И си размислуваа меѓу себе, велејќи: „Тоа е затоа што немаме леб.“
17
А Исус, кога ги разбра, им рече: „Зошто зборувате за тоа дека немате леб? Зар уште не сфаќате и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце?
18
При очи ли, не гледате? При уши ли, не слушате? И не помните ли?
19
Кога ги прекршив петте леба, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња собравте?“ Му рекоа: „Дванаесет.“
20
„А седумте – за четири илјади, колку полни кошници со останати парчиња собравте?“ Тие одговорија: „Седум.“
21
И им рече: „Па како тогаш не разбирате?“
22
Потоа дојде во Витсаида; и Му доведоа еден слеп и Го молеа да го допре.
23
И земајќи го слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на неговите очи, ги положи рацете на него, па го праша дали гледа нешто.
24
Тој погледна и рече: „Ги гледам луѓето налик на дрвја кои одат.“
25
Потоа повторно ги положи рацете на неговите очи и направи да прогледа. И тој се излекува и сите ги гледаше јасно.
26
И го испрати во неговата куќа и му рече: „Немој ниту да влегуваш во селото, ниту некому во селото да раскажуваш!“
27
И Исус излезе со Своите ученици по селата на Кесарија Филипова. По патот ги праша Своите ученици и им рече: „Што велат луѓето, Кој сум Јас?“
28
Тие одговорија: „Јован Крстител, други Илија, а трети, пак, еден од пророците.“
29
Тој им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар Му одговори и рече: „Ти си Христос!“
30
И ги прекори никому да не говорат за Него.
31
Па почна да ги учи дека Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен и по три дена да воскресне.
32
И говореше за тоа отворено. Но Петар Го повлече насамо и почна да Го одвраќа.
33
А Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, па го прекори Петар, велејќи: „Бегај од Мене, сатано! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“
34
И кога ги повика народот и Своите ученици, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека врви по Мене.
35
Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене и благовестието, тој ќе го спаси.
36
Зашто каква полза има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости?
37
Или што ќе даде човек во замена за својата душа?
38
Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во ова прељубодејно и грешно поколение, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.“
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16