bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 9
Mark 9
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 10 →
1
И Исус им рече: „Вистина ви велам: има некои од овие што стојат овде, кои нема да вкусат смрт додека не го видат царството Божјо, дојдено во сила.“
2
А по шест дена, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и ги одведе само нив на една висока гора; и се преобрази пред нив.
3
Алиштата Му станаа сјајни, многу бели, како снег, какви што ни валавичар на земјата не може да избели.
4
И им се јави Илија со Мојсеј, и разговараа со Исус.
5
Тогаш Петар проговори и Му рече на Исус: „Рави, добро ни е да бидеме овде; да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“
6
Зашто не знаеше што да каже, бидејќи беа многу уплашени.
7
И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас што велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го!“
8
И одеднаш, кога погледнаа наоколу, веќе никого не видоа покрај себе, освен Исус.
9
А кога слегуваа од гората, Тој им заповеда никому да не кажуваат што виделе, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.
10
И го задржаа тој збор во себе, прашувајќи се еден со друг што значи тоа: „Да воскресне од мртвите?“
11
И Го прашаа, велејќи: „Зошто книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“
12
А Тој им одговори и рече: „Навистина, најнапред ќе дојде Илија и ќе уреди сѐ; а Синот Човечки, како што е напишано за Него, треба да пострада многу и да биде понизен.
13
Но ви велам дека и Илија дојде, и му направија што сакаа – како што е напишано за него.“
14
И кога дојде кај Своите ученици, виде многу народ околу нив и книжници како се препираа со нив.
15
И сиот народ, веднаш штом Го виде, се зачуди; и притрчувајќи кон Него, Го поздравуваа.
16
Тој ги праша книжниците: „Зошто се препирате со нив?“
17
Па одговарајќи, еден од народот рече: „Учителе, го доведов кај Тебе син ми, во кого има нем дух;
18
и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, чкрипи со забите и се здрвува. И им кажав на Твоите ученици да го изгонат, но тие не можеа.“
19
А Исус одговори и рече: „О, неверно поколение, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го кај Мене!“
20
И го доведоа кај Него, и штом Го виде, духот веднаш го стресе момчето, и тоа падна наземи и се прпелеше запенето.
21
Исус го праша татко му: „Колку време тоа му се случува?“ Тој одговори: „Од детството;
22
и многупати духот го фрлал во оган и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смилувај се над нас и помогни ни!“
23
А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сѐ е можно за оној што верува!“
24
И таткото на момчето веднаш извика и со солзи рече: „Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!“
25
А Исус, гледајќи дека се собра народ, строго го прекори нечистиот дух и му рече: „Духу нем и глув, Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!“
26
И духот вресна, силно го стресе и излезе; а момчето беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело.
27
Но Исус го фати за рака и го исправи; и тоа стана.
28
И кога Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?“
29
И им рече: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.“
30
И кога излегоа оттаму, минуваа преку Галилеја; а Тој не сакаше некој да дознае.
31
Зашто ги учеше Своите ученици и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат и на третиот ден по убивањето ќе воскресне.
32
Но тие не ги разбираа овие зборови, а се плашеа да Го прашаат.
33
И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што се расправавте меѓу себе по патот?“
34
Но тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓу себе кој е најголем.
35
Тој седна и ги повика дванаесеттемина, па им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите и служител на сите!“
36
И зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:
37
„Кој прима едно од ваквите деца во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Мене Ме прима, туку Оној што Ме пратил.“
38
Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој не врви по нас, а во Твое име изгонува демони; и му забранивме, зашто не оди по нас.“
39
А Исус рече: „Не бранете му, зашто никој што прави чудо во Мое име, наскоро не ќе може да злослови за Мене.
40
Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.
41
И кој ќе ве напои со чаша вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда.“
42
„А кој ќе соблазни едно од овие мали, што веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да се фрли в море.
43
И ако те соблазнува твојата рака, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку со две раце да отидеш во пеколот, во неизгасливиот оган,
44
каде што нивниот црв не умира и огнот не изгаснува.
45
И, ако те соблазнува твојата нога, отсечи ја; подобро е за тебе куц да влезеш во животот, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот, во неизгасливиот оган,
46
каде што нивниот црв не умира и огнот не изгаснува.
47
И, ако твоето око те соблазнува, извади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во огнениот пекол,
48
каде што нивниот црв не умира и огнот не изгаснува.
49
Зашто секој со оган ќе се посоли и секоја жртва со сол ќе се осоли.
50
Солта е добра; но ако солта го изгуби вкусот, со што ќе ја зачините? Имајте сол во себе, и мир имајте меѓу себе!“
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16