bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 6
Mark 6
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 7 →
1
Па излезе оттаму и дојде во Својот роден крај; а по Него одеа и Неговите ученици.
2
И кога дојде сабота, Тој почна да поучува во синагогата и мнозина од оние што Го слушаа, се чудеа и говореа: „Од каде Му е ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чуда стануваат преку Неговите раце?
3
Нели е Овој дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јаков, Јосија, Јуда и на Симон? И нели Неговите сестри се овде, меѓу нас?“ И се соблазнија поради Него.
4
А Исус им рече: „Ниеден пророк не е без чест, освен во својот роден крај, меѓу роднините и во својот дом.“
5
И таму не можеше да направи ниту едно чудо; освен што излекува неколкумина болни, полагајќи ги рацете врз нив.
6
И се чудеше на нивното неверие. Па одеше по околните села и поучуваше.
7
И ги повика дванаесеттемина, и почна да ги праќа по двајца и им даде власт над нечистите духови.
8
Па им заповеда да не земаат ништо за по пат, освен по еден стап: ниту торба, ниту леб, ниту пари во појасот.
9
Туку да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки.
10
И им рече: „Ако влезете во некоја куќа, останете во неа сѐ додека не си отидете од тоа место.
11
А ако некаде не ве примат, ниту ве послушаат, излегувајќи оттаму, истресете го правот од своите нозе, за ним да им се посведочи. Вистина ви велам: полесно ќе им биде на Содом и на Гомор во судниот ден, отколку на тој град.“
12
Тие појдоа и проповедаа покајание.
13
Изгонуваа многу демони, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа.
14
И царот Ирод слушна за Исус, зашто се прочу Неговото име, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа се случуваат чуда преку него.“
15
Едни велеа: „Илија е!“, а други: „Пророк е, или како еден од пророците.“
16
А Ирод, штом чу, рече: „Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите!“
17
Бидејќи самиот Ирод беше пратил да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, поради Иродијада, жената на брат му Филип, со која Ирод се беше оженил.
18
Зашто Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат!“
19
А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.
20
Зашто Ирод се плашеше од Јован, знаејќи дека тој е праведен и свет човек, и го штитеше; многу работи вршеше откако ќе го слушнеше, а со задоволство го слушаше.
21
И настана погоден ден кога Ирод, за својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, началници и галилејски старешини;
22
и влезе ќерката на Иродијада, играше и им угоди на Ирод и на гостите. Тогаш царот ѝ рече на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!“
23
И ѝ се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.“
24
А таа излезе и ја праша својата мајка: „Што да побарам?“ Таа ѝ одговори: „Главата на Јован Крстител!“
25
И веднаш со брзање влезе кај царот и побара, говорејќи: „Сакам уште сега на чинија да ми ја дадеш главата на Јован Крстител!“
26
Царот се натажи, но заради заклетвата и гостите не сакаше да откаже.
27
И царот веднаш испрати џелат и му нареди да ја донесат неговата глава.
28
А тој отиде во затворот, го обезглави и ја донесе неговата глава на чинија, па ѝ ја предаде на девојката, а девојката ја даде на својата мајка.
29
Кога неговите ученици слушнаа, дојдоа, го зедоа неговото тело и го положија во гроб.
30
И се собраа апостолите кај Исус, па Го известија за сѐ што направиле и поучувале.
31
А Тој им рече: „Дојдете вие самите во пусто место и одморете се малку.“ Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така што немаа време ни да јадат.
32
И отидоа со кораб во пусто место, насамо.
33
И народот ги виде кога си одеа; и мнозина Го познаа, па од сите градови пеш поитаа таму; и ги претекнаа и се собраа околу Него.
34
А Исус, излегувајќи, виде многу народ и се смилува над нив, зашто беа како овци без пастир; и почна да ги поучува за многу нешта.
35
И бидејќи веќе стана доцна, Неговите ученици пристапија кон Него и рекоа: „Местово е пусто, а и доцна е;
36
распушти ги за да отидат по околните села и населби и да си купат леб, зашто нема што да јадат.“
37
Тој им одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Да појдеме ли да купиме за двесте денарии леб, па да им дадеме да јадат?“
38
Потоа Тој ги праша: „Колку лебови имате? Отидете и видете!“ И кога видоа рекоа: „Пет леба и две риби.“
39
Тогаш Исус им рече на сите да седнат во групи по зелената трева.
40
И седнаа во групи по сто и по педесет.
41
Тој ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и ги раскрши лебовите, и им ги даде на Своите ученици, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите.
42
И јадеа сите и се наситија.
43
И собраа дванаесет кошеви полни со парчиња од лебот и од рибите.
44
А оние што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
45
И веднаш ги натера Своите ученици да влезат во коработ и да отидат пред Него на другата страна, кон Витсаида, додека Тој да го распушти народот.
46
А Тој, одделувајќи се од нив, отиде во гората за да се помоли.
47
Кога се стемни, коработ беше среде морето, а Тој сам на копното.
48
И ги виде како се мачат веслајќи, зашто ветрот беше спротивен; а околу четвртата ноќна стража дојде кај нив, одејќи по морето, и сакаше да ги одмине.
49
А тие, кога Го видоа како оди по морето, помислија дека тоа е привидение, и почнаа да викаат;
50
зашто сите Го видоа и се уплашија. Тој веднаш почна да говори со нив и им рече: „Бидете храбри! Јас сум, не плашете се!“
51
И се качи кај нив во коработ и ветрот стивна. А тие беа силно запрепастени во себе и зачудени.
52
Зашто не го сфатија чудото со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето.
53
И кога преминаа, дојдоа во генисаретската земја и се задржаа таму.
54
А штом излегоа од коработ, веднаш Го познаа.
55
Брзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на постела да ги носат болните таму каде што слушаа дека е Тој.
56
И каде и да влегуваше: во села, во градови или во населби – на крстопатите полагаа болни и Го молеа да се допрат барем до краевите од Неговата облека. И сите што се допираа до Него, оздравуваа.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16