bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 13
Mark 13
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 14 →
1
А кога излегуваше од храмот, еден од Неговите ученици Му рече: „Учителе, гледај какви камења и какви градби!“
2
А Исус му одговори и рече: „Ги гледаш ли овие големи градби? Нема да остане тука ниту камен на камен, што нема да биде урнат!“
3
А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Петар, Јаков, Јован и Андреј насамо Го прашаа:
4
„Кажи ни, кога ќе биде тоа и каков ќе биде знакот кога сето тоа ќе треба да се исполни?“
5
Исус, одговарајќи им, почна да зборува: „Пазете се да не ве прелаже некој!
6
Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина.
7
А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да се случи; но тоа сѐ уште не е крајот.
8
Бидејќи ќе се крене народ против народ и царство против царство; а на некои места ќе има и земјотреси, и глад и метежи. Тоа е почетокот на страдањата.
9
Но вие пазете се, зашто ќе ве предаваат на судови; и ќе ве тепаат по синагогите, и ќе бидете изведувани пред управници и пред цареви заради Мене, за сведоштво пред нив.
10
И кај сите народи најнапред треба да се проповеда благовестието.
11
А кога ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту претходно обмислувајте; туку она што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; зашто не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух.
12
И брат брата ќе предаде на смрт, и татко дете, и ќе се дигнат деца против родители, и ќе ги убијат.
13
Ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен.“
14
„А кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето, за која говори пророк Даниил, како стои каде што не треба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините;
15
и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од својата куќа;
16
и кој е на нива, да не се враќа за да си ја земе облеката!
17
Тешко на бремените и на доилките во тие денови!
18
Туку молете се вашето бегство да не биде во зима!
19
Зашто во тие денови ќе има неволја, каква што досега немало од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има.
20
И ако Господ не ги скрати тие денови, тогаш никој и ништо не би се спасило; но заради избраните, кои ги избра Тој, ги скрати деновите.
21
Ако некој тогаш ви каже: ’Еве, овде е Христос‘, или: ’Ене, таму е‘, не верувајте!
22
Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.
23
Но вие – чувајте се! Ете, сѐ однапред ви кажав!
24
Во тие денови, по неволите, сонцето ќе се помрачи и месечината нема да ја дава својата светлина,
25
и ѕвездите ќе паѓаат од небото и силите, што се на небото, ќе се разнишаат.
26
И тогаш ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци со голема сила и слава.
27
Тогаш Тој ќе ги испрати Своите ангели и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
28
Научете ја параболата од смоквата: кога нејзините гранки ќе станат кревки и ќе разлистат, знаете дека е близу летото.
29
Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Тој е близу, пред врата!
30
Вистина ви велам: нема да помине ова поколение, додека сето тоа не се случи.
31
Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат!“
32
„А за тој ден и тој час никој не знае, ниту ангелите на небесата, ниту Синот, а само Отецот.
33
Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе дојде часот.
34
Како човек кој, заминувајќи, ја остава својата куќа и на своите слуги им дава власт, и секому своја работа, а на вратарот му заповеда да биде буден.
35
Затоа, бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или кога ќе пропеат петлите или наутро,
36
па да не дојде ненадејно и да ве затече како спиете.
37
Она што ви зборувам вам, им го зборувам на сите: Бидете будни!“
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16