bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 14
Mark 14
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 15 →
1
По два дена беше Пасха и празникот Бесквасници. А првосвештениците и книжниците сакаа да Го фатат на измама и да Го убијат;
2
но велеа: „Не на празникот, за да не настане бунт меѓу луѓето.“
3
А кога Тој беше во Витанија и седеше на трпеза во куќата на Симон Лепрозниот, дојде една жена со алабастерен сад со скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши садот, го изли мирото врз Неговата глава.
4
А имаше некои што негодуваа во себе и говореа: „Зошто мирото да се растура?
5
Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста динарии, и да им се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа.
6
Но Исус рече: „Оставете ја; зошто ја обеспокојувате? Таа направи добро дело кон Мене!
7
Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога и да сакате можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.
8
Таа го направи тоа што можеше: однапред го помаза Моето тело за погребение.
9
Вистина ви велам: каде и да се проповеда ова благовестие по сиот свет, ќе се прикажува и ова што таа го направи, за нејзин спомен.“
10
Тогаш Јуда Искариотски, еден од дванаесеттемина, отиде кај првосвештениците за да им Го предаде.
11
А тие, штом чуја, се зарадуваа и ветија да му дадат пари. И бараше погодно време за да Го предаде.
12
А во првиот ден на празникот Бесквасници, кога го колеа пасхалното јагне, Неговите ученици Му рекоа: „Каде сакаш да отидеме и да приготвиме, за да ја јадеш Пасхата?“
13
И испрати двајца од Своите ученици и им рече: „Отидете во градот; и ќе ве сретне еден човек, што носи стомна со вода; одете по него.
14
И на домаќинот на куќата во која тој ќе влезе, кажете му: ’Учителот прашува: каде е собата во која ќе ја јадам Пасхата со Своите ученици?‘
15
И тој ќе ви покаже голема, послана и приготвена соба на горниот кат; таму згответе ни.“
16
И Неговите ученици излегоа и дојдоа во градот, и најдоа сѐ како што им беше рекол, па ја приготвија Пасхата.
17
Кога се стемни, Тој дојде со дванаесеттемина.
18
И кога седеа на трпезата и јадеа, Исус им рече: „Вистина ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.“
19
Тие се разжалостија и почнаа еден по еден да прашуваат: „Да не сум јас?“ И друг: „Да не сум јас?“
20
А Тој им одговори и рече: „Еден од дванаесеттемина е, што со Мене мака во чинијата.
21
Но Синот Човечки си оди, како што е напишано за Него. Само тешко на оној човек преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек да не се беше родил!“
22
И кога јадеа, Исус зеде леб, и благословувајќи, го прекрши, па им даде и рече: „Земете, јадете; ова е Моето тело.“
23
Потоа ја зеде чашата и заблагодарувајќи, им ја даде; и се напија од неа сите.
24
И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина.
25
Вистина ви велам: веќе нема да пијам од лозовиот плод сѐ до оној ден кога ќе пијам нов во царството Божјо.“
26
Па, откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Гора.
27
И Исус им рече: „Сите ќе се соблазните поради Мене во оваа ноќ, зашто е напишано: ’Ќе удрам по пастирот и овците ќе се разбегаат.‘
28
А по Моето воскресение ќе отидам пред вас во Галилеја.“
29
Петар Му рече: „Дури и сите да се соблазнат, јас нема!“
30
И Исус му рече: „Вистина ти велам дека уште денес, во оваа ноќ, пред да пропее петел двапати, ти трипати ќе се одречеш од Мене!“
31
Но тој уште поодлучно говореше: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.“ И сите го рекоа истото.
32
Пристигнаа во едно место, наречено Гетсиманија; и им рече на Своите ученици: „Поседете овде, додека да се помолам!“
33
И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован; и Го опфати длабок немир и почна да тагува,
34
па им рече: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и бидете будни!“
35
Па откако малку се оддалечи, падна на земја и се молеше, ако е можно, да Го одмине тој час;
36
и велеше: „Ава, Оче, сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; но нека биде не како што Јас сакам, туку како Ти!“
37
Па дојде и ги затече како спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден?
38
Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение. Духот е бодар, но телото е слабо.“
39
И повторно отиде и се помоли, изговарајќи ги истите зборови.
40
А кога се врати, повторно ги затече како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат.
41
И по третпат дојде и им рече: „Сѐ уште спиете и одмарате! Доволно е, дојде часот; еве, Синот Човечки се предава во рацете на грешници.
42
Станете, да одиме! Еве, се приближи оној што Ме предава.“
43
И веднаш, додека Тој сѐ уште говореше, дојде Јуда, еден од дванаесеттемина, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратени од првосвештениците, книжниците и старешините.
44
А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Оној што ќе Го целивам, Тој е: фатете Го и водете Го претпазливо!“
45
Па, кога дојде, веднаш пријде до Него и рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива.
46
А тие ги ставија своите раце на Него и Го фатија.
47
Еден, пак, од оние, што стоеја таму, извади нож, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.
48
Исус проговори и рече: „Зар како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови да Ме фатите?
49
Секој ден бев со вас во храмот и поучував, и не Ме фативте. Но нека се исполнат Писанијата.“
50
И сите Го оставија и се разбегаа.
51
А по Него врвеше некој млад човек, наметнат со платно врз голо тело; и војниците го фатија тој млад човек.
52
Но тој го остави платното и побегна од нив гол.
53
И Го доведоа Исус кај првосвештеникот, и таму се собраа сите првосвештеници, старешини и книжници.
54
А Петар одеше по Него оддалеку, сѐ до внатре, во дворот на првосвештеникот; па седна со слугите и се грееше на огнот.
55
А првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштва против Исус, за да Го погубат, и не наоѓаа.
56
Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, но тие сведоштва не се сложуваа.
57
Па станаа некои и сведочеа лажно против Него, велејќи:
58
„Го чувме кога рече: ’Ќе го урнам овој ракотворен храм и за три дена ќе соѕидам друг, неракотворен.‘“
59
Но ниту тоа нивно сведочење не се сложуваше.
60
Тогаш првосвештеникот застана на средина и Го праша Исус говорејќи: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“
61
Но Тој молчеше и ништо не одговараше. Првосвештеникот повторно Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?“
62
Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на Силата и како доаѓа на небесните облаци.“
63
А првосвештеникот ја раскина својата облека и рече: „Каква потреба имаме веќе од сведоци?
64
Чувте како богохули; што мислите?“ И сите пресудија дека заслужува смрт.
65
А некои почнаа да плукаат на Него, да Му го покриваат лицето, да Го удираат и да Му велат: „Погоди!“ И слугите Го удираа по образите.
66
А кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот,
67
па, штом го виде Петар како се грее, го погледна и рече: „И ти беше со Исус Назареецот.“
68
Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.“ И излезе надвор пред дворот и запеа петел.
69
Слугинката, гледајќи го повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“
70
Тој повторно одрече. И малку подоцна, оние, што стоеја таму, повторно му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив; бидејќи си Галилеец, а и говорот ти е таков!“
71
А тој почна да се колне и заколнува: „Не Го познавам Човекот за Кого говорите!“
72
И по вторпат петел запеа. И Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да запее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16