bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 3
Mark 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 4 →
1
И Тој повторно влезе во синагогата, а таму имаше еден човек со исушена рака.
2
И внимаваа на Него, дали ќе го излекува во саботен ден, за да Го обвинат.
3
А Тој му рече на човекот со исушената рака: „Застани насреде!“
4
Ним, пак, им кажа: „Што е допуштено да се прави во сабота: добро или зло? Да се спаси еден живот или да се погуби?“ А тие молчеа.
5
Па, кога ги изгледа со гнев, натажен поради нивните закоравени срца, му рече на човекот: „Протегни ја раката!“ Тој ја протегна и раката му стана здрава, како и другата.
6
Фарисеите, штом излегоа, веднаш се состанаа со Иродовците против Него, советувајќи се како да Го погубат.
7
Исус, пак, отиде со Своите ученици кон морето и по Него одеше многу народ од Галилеја, од Јудеја,
8
од Ерусалим, од Идумеја, од другата страна на Јордан и од околијата на Тир и Сидон. Штом слушнаа какви дела врши, тие во голем број дојдоа кај Него.
9
И им порача на Своите ученици да Му приготват кораб, поради народот, за да не Го туркаат;
10
зашто мнозина беше излекувал, така што сите кои беа болни, навалуваа кон Него за да Го допрат.
11
И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него и викаа, велејќи: „Ти си Син Божји!“
12
Но Тој строго им забрануваше да разгласуваат за Него.
13
Потоа се искачи на гората и ги повика кај Себе оние што Сам ги одбра, и тие дојдоа кај Него.
14
И избра дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат;
15
и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони:
16
Симон, на кого му даде име Петар;
17
па Јаков Зеведеев и Јован, братот на Јаков, на кои им даде име Воанергес, што значи: Синови на громот;
18
па Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит
19
и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
20
И дојдоа во една куќа; и пак се собра народ, така што тие не можеа ниту леб да јадат.
21
И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил при Себеси.
22
А книжниците, што беа слегле од Ерусалим, велеа дека во Него е Велзевул и дека демоните ги истерува со силата на началникот на демоните.
23
И, кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана?
24
Ако едно царство се раздели самото против себе, тоа царство не може да се одржи;
25
и, ако еден дом се раздели самиот против себе, тој дом не може да опстане;
26
ако и сатаната се дигнал против себеси, и се разделил, не ќе може да се одржи, туку му дошол крајот.
27
Никој не може, кога ќе влезе во куќата на силен човек, да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и дури тогаш ќе ја ограби куќата.
28
Вистина ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, колку и да хулеле;
29
но кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости довека, туку ќе биде виновен пред вечниот суд.“
30
Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“
31
И дојдоа мајка Му и Неговите браќа, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
32
А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа и сестри се надвор и Те бараат.“
33
А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?“
34
Па, погледнувајќи кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа.
35
Зашто оној што ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра и мајка!“
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16