bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 7
Mark 7
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 8 →
1
Околу Него се собраа фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим.
2
И кога видоа дека некои од Неговите ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија.
3
Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старешините, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите;
4
и кога ќе се вратат од пазар, не јадат дури не се измијат; и уште многу други нешта има што ги примиле и ги запазуваат: миење чаши, чинии, котли и столови.
5
Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто Твоите ученици не постапуваат според преданието на старешините, туку јадат леб со неизмиени раце?“
6
А Тој им одговори, велејќи им: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ’Овој народ со усните Ме почитува, а неговото срце стои далеку од Мене;
7
но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘
8
Вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите човечкото предание: миење чинии и чаши; и вршите многу други слични работи.“
9
И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание.
10
Зашто Мојсеј рече: ’Почитувај ги својот татко и својата мајка‘ и ’Кој злослови против својот татко или својата мајка, со смрт да се казни.‘
11
А вие велите: ’Ако некој човек каже на својот татко или на својата мајка: Она што сакаш да го ползуваш од мене е корбан, односно принос‘,
12
тогаш не му оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка.
13
Така го укинувате словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; а и многу такви слични работи вршите.“
14
И пак го повика народот и рече: „Слушајте Ме сите и разберете:
15
ништо, што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.
16
Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“
17
И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за параболата.
18
А Тој им рече: „Зарем и вие сте толку неразумни? Не разбирате ли дека ништо, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?
19
Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чистејќи ја сета храна.“
20
И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.
21
Зашто одвнатре, од срцето на луѓето, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства,
22
кражби, ненаситност, злоба, измами, разврат, завидливо око, богохулство, гордост, безумство.
23
Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“
24
И кога замина оттаму, отиде во тирските и сидонски краишта; влезе во една куќа и сакаше никој да не го дознае тоа. Но не можеше да се сокрие.
25
Зашто за Него чу една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и падна ничкум пред Неговите нозе.
26
А таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ.
27
Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се наситат децата; зашто не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“
28
А таа одговори и Му рече: „Да, Господи! Но и кучињата јадат под трпезата од трошките што им паѓаат на децата.“
29
И ѝ рече: „За ова што го рече – оди си! Демонот излезе од ќерка ти.“
30
И кога таа се врати дома, ја најде ќерка ѝ како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.
31
И, излегувајќи повторно од тирските и сидонски краишта, Исус отиде кон Галилејското Море, низ краиштата на Десетградието.
32
И Му доведоа еден глув и тепкав, па Го молеа да положи рака на него.
33
Откако го одведе настрана од народот, Исус ги стави Своите прсти во неговите уши; па плукна и му го допре јазикот;
34
потоа погледна кон небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отвори се!“
35
И веднаш му се отворија ушите, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.
36
И им заповеда никому да не кажуваат. Но колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа.
37
И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави; и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат!“
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16