bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Mark 11
Mark 11
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 12 →
1
И кога се приближи до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, кај Маслиновата Гора, Исус испрати двајца од Своите ученици,
2
и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом ќе влезете во него, ќе најдете врзано прле, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го!
3
А ако некој ви рече: ’Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господ; и тој веднаш ќе го прати тука.“
4
Тие отидоа и најдоа прле, врзано за портата однадвор, на крстопатот, и го одврзаа.
5
И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате прлето?“
6
А овие им одговорија како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија.
7
И го доведоа прлето кај Исус, ги положија врз него своите алишта и Тој седна на него.
8
И мнозина ги постилаа своите облеки по патот; други, пак, сечеа гранчиња од дрвјата и ги постилаа по патот.
9
А оние, што врвеа пред Него и по Него, извикуваа, велејќи: „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!
10
Благословено е царството на нашиот татко Давид, кое доаѓа во името Господово! Осана во висините!“
11
И Исус влезе во Ерусалим, и во храмот, разгледа сѐ, па, бидејќи веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесеттемина во Витанија.
12
А утредента, кога излегоа од Витанија, Тој огладне;
13
и откако оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи за да види дали ќе најде нешто на неа; но кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше времето за смокви.
14
И проговори Исус и ѝ рече: „Отсега никој да не вкуси плод од тебе довека!“ И Неговите ученици го чуја тоа.
15
И дојдоа во Ерусалим. И откако влезе Исус во храмот, почна да ги истерува оние што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврте масите на менувачите на пари и столовите на оние што продаваа гулаби;
16
и не дозволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад.
17
И ги поучуваше, велејќи: „Зар не е напишано: ’Мојот дом ќе се нарече дом за молитва на сите народи‘? А вие го направивте разбојничка пештера!“
18
И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, бараа начин како да Го погубат, бидејќи се плашеа од Него, зашто сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.
19
А кога се стемни, Тој излезе надвор од градот.
20
Следното утро, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.
21
И Петар се сети и Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила!“
22
А Исус им одговори и рече: „Имајте вера во Бога.
23
Зашто, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ’Крени се и фрли се во морето!‘ и не се посомнева во своето срце, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
24
Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе добиете – и ќе ви се оствари.
25
И кога стоите на молитва, простувајте ако имате нешто против некого, та и вашиот Отец, Кој е на небесата, да ви ги прости вашите грешки.
26
Ако ли, пак, вие не простувате, и вашиот Отец, Кој е на небесата, нема да ви ги прости вашите грешки.“
27
И пак дојдоа во Ерусалим; а кога Исус одеше низ храмот, кај Него дојдоа првосвештениците, книжниците и старешините,
28
па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја дал таа власт да го правиш ова?“
29
А Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и Јас нешто и одговорете Ми, па ќе ви кажам, со каква власт го правам ова.
30
Јовановото крштевање беше од небото или од луѓето? Одговорете Ми.“
31
А тие си говореа и велеа: „Ако кажеме ’од небото‘ – ќе рече: ’Па зошто не му поверувавте?‘
32
Но ако кажеме: ’од луѓето‘“ – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јован за вистински пророк.
33
И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Исус им одговори и рече: „Ниту Јас не ви кажувам со каква власт го правам ова.“
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16