bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 11
Revelation 11
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 12 →
1
И ми се даде мерна трска слична на жезол, и ми беше кажано: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние што се поклонуваат во него.
2
А надворешниот двор на храмот остави го и не мери го, бидејќи им е даден на незнабошците: тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеци.
3
И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, да пророкуваат илјада двесте и шеесет дена и тоа облечени во вреќи.“
4
Тие се двете маслинови дрвца и двата светилника што стојат пред Господарот на Земјата.
5
И, ако некој сака да им наштети, оган ќе излезе од нивната уста и ќе ги проголта нивните непријатели; и ако некој посака да им наштети, така и тој мора така да биде убиен.
6
Тие имаат власт да го затворат небото за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и имаат власт над водите да ги претвораат во крв и да ја поразат земјата со секаква напаст, кога и да посакаат.
7
И кога ќе го завршат своето сведоштво, тогаш ѕверот што се искачува од бездната, ќе завојува со нив, и ќе ги победи, и ќе ги убие.
8
А нивните трупови ќе ги остави по улиците на големиот град, кој духовно се нарекува Содом и Египет, каде што и нивниот Господ беше распнат.
9
И многу од народите, родовите, јазиците и племињата ќе ги гледаат нивните трупови три и пол дена и нема да дозволат нивните трупови да бидат положени во гроб.
10
И жителите на земјата ќе се зарадуваат и развеселат поради нив, и ќе си праќаат подароци еден на друг, бидејќи тие двајца пророци ги мачеа оние што живеат на земјата.
11
Но по три и пол дена во нив влезе дух на живот од Бога, и тие се исправија на своите нозе, и голем страв ги опфати оние што ги гледаа.
12
И слушнаа силен глас од небото што им вели: „Искачете се ваму!“ И се искачија на небото во облак, и нивните непријатели ги видоа.
13
Во тој час настана голем земјотрес и една десетина од градот се сруши; и од земјотресот загинаа седум илјади човечки имиња, а останатите, пак, се исплашија и Му оддадоа слава на небесниот Бог.
14
Второто зло мина. Ете, скоро иде третото зло.
15
Затруби и седмиот ангел, и по небото одекнаа силни гласови, кои викаа: „Царството на светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Тој ќе царува во вечни векови!“
16
И дваесет и четирите старешини, кои седеа пред Бога на своите престоли, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога,
17
велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Седржителу, Кој си, Кој беше и Кој ќе бидеш, зашто ја прими Својата голема сила и се зацари!
18
Народите се разгневија, но дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите и да им дадеш награда на Твоите слуги – на пророците и на светиите кои имаат стравопочит кон Твоето име, на малите и големите, и да ги уништиш оние што ја уништуваа земјата!“
19
Тогаш на небото се отвори Божјиот храм, и се покажа ковчегот на Господовиот завет во Неговиот храм; и настанаа молњи, гласови, громови, земјотрес и голем град.
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22