bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 18
Revelation 18
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 19 →
1
По ова видов како слегува од небото друг ангел, кој имаше голема власт: и земјата беше осветлена од неговата слава.
2
Тој извика со силен глас, велејќи: „Падна великиот Вавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, засолниште на сите нечисти и гадни птици;
3
зашто сите народи пиеја од виното на гневот на нејзиниот блуд и земните цареви блудничеа со неа, а земните трговци се збогатија од моќта на нејзиниот раскош!“
4
И чув друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, народе Мој, за да не соучествувате во нејзините гревови, и да не примите од нејзините напасти;
5
бидејќи нејзините гревови стигнаа до небото, и Бог си спомна за нејзините неправди.
6
Возвратете ѝ како што и таа ви возврати вам и дајте ѝ двојно според нејзините дела; со чашата, со која ве честела, почестете ја двојно.
7
Колку што се прослави себеси и живееше раскошно, толку мака и жалост вратете ѝ. Зашто во своето срце вели: ’Седам како царица, не сум вдовица и жалост нема да видам.‘
8
Затоа во еден ден ќе дојдат нејзините казни: смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто силен е Господ Бог Кој ја суди.
9
И ќе заплачат и ќе заридаат по неа земните цареви, кои блудничеа со неа и живееја раскошно, кога ќе го видат чадот од нејзиното горење;
10
и стоејќи оддалеку, од страв пред нејзините маки ќе велат: ’Тешко, тешко, голем граду Вавилоне, граду силен, зашто во еден час дојде твојата пресуда!‘
11
И земните трговци ќе плачат и лелекаат за неа, бидејќи нивната стока нема веќе никој да ја купува;
12
стока од злато и сребро, од драгоцени камења и бисери, од висон и порфир, од свила и скерлет, секакво миризливо дрво и секаков сад од слонова коска: секаков сад од скапоцено дрво, од бакар, железо и мермер;
13
и цимет и темјан, миро и ливан, вино и масло, брашно и пченица, говеда и овци, коњи и коли, човечки тела и души.
14
И овошјата што ти ги посакува душата, се отстранети од тебе, и сето богатство и сјај исчезнаа за тебе, и нема веќе да ги најдеш.
15
Трговците, кои со тие стоки се збогатија од неа, ќе стојат оддалеку од страв пред нејзините маки, и плачејќи, и ридајќи
16
ќе велат: ’Тешко, тешко тебе, голем граду, облечен во висон, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери,
17
зашто во еден миг пропадна толку големо богатство!‘ И секој што некаде плови, и сите морнари, и оние што работат на море, застанаа оддалеку
18
и гледајќи го чадот од нејзиното горење, велеа: ’Кој беше како овој голем град?‘
19
И ги посипаа своите глави со прав и со плачење и лелекање викаа и велеа: ’Тешко, тешко тебе, голем граду со чии скапоцености се збогатија сите што имаа кораби по море; зашто за еден миг запусте!‘
20
Весели се поради тоа, небо, и вие светии и апостоли и пророци, зашто Бог му пресуди за сѐ што ви стори!
21
Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички, па го фрли во морето и рече: ’Со таков замав наеднаш ќе пропадне Вавилон, великиот град, и ќе го нема веќе!‘
22
И глас на лиристи, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденица нема веќе да се чуе во тебе.
23
И светлина од светилник нема веќе да свети во тебе, и глас на младоженец и невеста нема веќе да се чуе во тебе, бидејќи твоите трговци беа големци на земјата, зашто преку твоите магии се заблудија сите народи.
24
И во него се најде крв од пророци и светии, и од сите што беа заклани на земјата.“
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 19 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22