bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 14
Revelation 14
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 15 →
1
И видов: ете, Јагнето стоеше на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на своите чела напишано Неговото име и името на Неговиот Отец.
2
И чув глас од небото како шум од многу води и како звук од силен гром; и гласот што го чув беше како глас на лиристи што свират на своите лири
3
и како да пееја нова песна пред престолот и пред четирите суштества и старешините; и никој не можеше да ја научи песната, освен оние сто четириесет и четири илјади што беа откупени од земјата.
4
Тие се оние што не се осквернија со жена, бидејќи се девствени; тие се оние што го следат Јагнето каде и да оди, Тие се откупени меѓу луѓето како првенци на Бога и на Јагнето,
5
и во нивната уста не се најде лага; зашто тие се непорочни.
6
И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно благовестие, за да им благовести на земните жители, и на секое племе, род, јазик и народ.
7
Тој зборуваше со силен глас: „Имајте стравопочит кон Бога и оддадете Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној што ги создаде небото и земјата, морето и водните извори!“
8
И друг, втор ангел се појави по него, велејќи: „Падна великиот Вавилон, кој сите народи ги напои со жестокото вино на својот блуд!“
9
И друг, трет ангел дојде по него, зборувајќи со висок глас: „Кој ќе му се поклони на ѕверот и на неговиот образ, и прими белег на своето чело или на својата рака,
10
тој ќе пие од виното на Божјиот гнев, неразводнето, излеано во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Јагнето.
11
И чадот од нивното мачење ќе се издига во вечни векови, и нема да имаат починка ни дење, ни ноќе оние што ќе се поклонат на ѕверот и на неговиот образ, и секој што ќе го прими белегот на неговото име!“
12
Тука е трпението на светиите; на оние кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исус.
13
Чув глас од небото како вели: „Напиши – блажени се мртвите кои отсега умираат во Господ! Да – вели Духот – за да се одморат од својот труд, зашто нивните дела ги следат!“
14
И видов: ете, бел облак, и на облакот седеше сличен на Синот Човечки; на Својата глава Тој имаше златен венец, а во раката – остар срп.
15
И друг ангел излезе од храмот и извика со силен глас кон Оној што седеше на облакот: „Замавни со српот и жнеј, зашто дојде часот да се жнее, бидејќи житото на земјата е зрело!“
16
И Оној што седеше на облакот го фрли својот срп на земјата и земјата беше ожнеана.
17
И друг ангел излезе од храмот, што се наоѓаше на небото, и имаше исто така остар срп.
18
И друг ангел, кој имаше власт над огнот, излезе од жртвеникот и со силен глас извика кон оној што имаше остар срп, велејќи: „Замавни со својот остар срп и обери го грозјето од земното лозје, зашто гроздовите му се веќе зрели!“
19
И ангелот го фрли својот срп на земјата, го обра земното лозје и го фрли во големата преса на Божјиот гнев,
20
и се изгмечи пресата надвор од градот, и потече крв од пресата дури до уздите на коњите, во ширина на илјада и шестотини стадии.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22