bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 2
Revelation 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 3 →
1
На ангелот на црквата во Ефес напиши му: вака вели Оној што ги држи седумте ѕвезди во Својата десница, Оној што оди среде седумте златни светилника:
2
ги знам твоите дела, твојот труд и твоето трпение, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; и си ги испитал оние што себеси се нарекуваат апостоли, а не се, и си открил дека се лажни;
3
и имаш трпение, и си поднесувал заради Моето име и не си се уморил.
4
Но имам нешто против тебе, бидејќи ја остави својата прва љубов.
5
Сети се, значи, од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам твојот светилник од неговото место, ако не се покаеш.
6
Но ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, коишто и Јас ги мразам.
7
Кој има уво, нека чуе што им вели Духот на црквите: на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот кое е во Божјиот рај.
8
И на ангелот на црквата во Смирна напиши му: вака вели Првиот и Последниот, Кој беше мртов и оживеа:
9
ги знам твоите дела, жалоста и сиромаштијата – но богат си; а ги знам и хулењата на оние што за себе велат дека се Јудејци, а не се, туку се собрание на сатаната.
10
Не плаши се воопшто од она од што наскоро ќе пострадаш. Ете, наскоро ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор за да ве искуша, и ќе бидете нажалени десет дена. Биди верен до смрт и ќе ти го дадам венецот на животот.
11
Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: победникот нема да биде поразен од втората смрт.
12
А на ангелот на Пергамската црква напиши му: вака вели Оној Кој држи меч со две острици:
13
ги знам твоите дела, и каде живееш: кај престолот на сатаната; и знам дека го држиш Моето име, и дека не се одрече од Мојата вера дури и во деновите кога Мојот верен сведок Антипа беше убиен меѓу вас, кадешто живее сатаната.
14
Но имам нешто малку против тебе, бидејќи таму имаш некои што го држат учењето на Валаам, кој го учеше Валак да ги наведе на грев Израилевите синови, та да јадат идолски жртви и да блудничат
15
Така исто имаш и некои што се придржуваат до учењето на николаитите.
16
Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе стапам во борба против нив со мечот од Својата уста.
17
Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што победува ќе му дадам од сокриената мана, ќе му дадам и бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива!
18
И на ангелот на црквата во Тиатар напиши му: вака вели Синот Божји, Чии очи се како огнен пламен, а нозете слични на усвитена бронза:
19
ги знам твоите дела, и љубовта, и верата, и служењето, и твоето трпение, и дека твоите последни дела се побројни од првите.
20
Но имам нешто против тебе, бидејќи ѝ допушташ на жената Језавела, која себеси се нарекува пророчица, да ги учи и заведува Моите слуги да блудничат и да јадат идолски жртви.
21
А ѝ дадов време да се покае, но таа не сака да се покае за својот блуд.
22
Ете, неа ја фрлам на постела, и оние што правеа прељуба со неа – во голема мака, доколку не се покаат за делата со неа.
23
И нејзините чеда ќе ги погубам со смрт, и сите цркви ќе дознаат дека Јас сум Оној што ги испитува внатрешностите и срцата; и секому од вас ќе му дадам според неговите дела.
24
А вам, на останатите во Тиатир, што не го држите тоа учење и не ги познавте таканаречените „сатански длабочини“, ви велам: нема да ви наложам друго бреме.
25
Но држете го само она што го имате, додека не дојдам.
26
На оној што победува и ги пази Моите дела до крај, нему ќе му дадам власт над незнабожците,
27
и ќе ги пасе со железен жезол; и тие ќе се распрснат како земјени садови, како што и Јас примив власт од Својот Отец,
28
и нему ќе му ја дадам ѕвездата Деница.
29
Кој има уво, нека чуе што им вели Духот на црквите.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22