bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 3
Revelation 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 4 →
1
И на ангелот на црквата во Сард напиши му: вака вели Оној што ги има седумте духови Божји и седумте ѕвезди: ги знам твоите дела; по име си жив, а мртов си.
2
Биди буден и утврдувај ги останатите што се на умирање; бидејќи твоите дела не ги најдов завршени пред Мојот Бог.
3
Затоа сети се за она што си го примил и чул, и пази го, и покај се. Зашто ако не бидеш буден, ќе дојдам над тебе како крадец, и нема да дознаеш кога ќе дојдам над тебе.
4
Но во Сард имаш неколку имиња што не ги осквернија своите облеки. Тие ќе одат со Мене во бели облеки, бидејќи се достојни.
5
Оној што победува ќе биде облечен во бела облека, и нема да го избришам неговото име од книгата на животот, туку ќе го признаам неговото име пред Мојот Отец и пред Неговите ангели.
6
Кој има уво, нека чуе што им вели Духот на црквите.
7
И на ангелот на црквата во Филаделфија напиши му: вака вели Светиот, Вистинитиот, Оној, Кој го има Давидовиот клуч, Кој отвора, и никој нема да затвори, – и Кој затвора, и никој нема да отвори:
8
ги знам твоите дела. Ете, пред тебе поставив отворена врата, што никој не може да ја затвори; зашто малку сила имаш, а го запази Моето слово, и не се одрече од Моето име.
9
Ете, ти давам некои од собранието на сатаната, што себеси се нарекуваат Јудејци, а не се, туку лажат; ете, ќе направам да дојдат и да се поклонат пред твоите нозе и да познаат дека Јас те возљубив.
10
Бидејќи ти го запази Моето слово за трпението, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата.
11
Доаѓам скоро: држи го тоа што го имаш, за никој да не го земе твојот венец.
12
Оној што победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и веќе нема да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Ерусалим, што слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име.
13
Кој има уво, нека чуе што им вели Духот на црквите.
14
И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: вака вели Амин, Верниот и Вистинит Сведок, Почетокот на Божјото создание:
15
ги знам твоите дела: ти не си ни студен, ни жежок; ех, да беше студен или жежок!
16
Така, бидејќи си млак, а не жежок или студен, ќе те изблујам од Својата уста!
17
Зашто велиш: „Богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и несреќен, сиромав, слеп и гол;
18
ти советувам да си купиш од Мене злато низ оган прочистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на твојата голотија, и очна маст за да ги намачкаш твоите очи, за да гледаш.
19
Оние што Јас ги сакам, нив ги карам и воспитувам. Затоа биди ревносен и покај се.
20
Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.
21
На оној што победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Својот Отец на Неговиот престол.
22
Кој има уво, нека чуе што им вели Духот на црквите.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22