bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 5
Revelation 5
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 6 →
1
И видов во десницата на Оној што седеше на престолот, книга напишана одвнатре и однадвор, запечатена со седум печати.
2
И видов силен ангел што објавуваше со силен глас: „Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши нејзините печати?“
3
И никој не можеше ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа.
4
И јас многу плачев што никој не се најде достоен да ја отвори книгата, ниту да ја гледа.
5
И еден од старешините ми рече: „Не плачи! Ете, Лавот, Кој е од Јудиното колено, Давидовиот корен, победи за да ја отвори книгата и нејзините седум печати!“
6
И, ете, среде престолот и четирите живи суштества и среде старешините, видов, стоеше Јагне, како заклано, кое имаше седум рога и седум очи, коишто се седумте духови Божји, пратени по целата земја.
7
Тој дојде и ја зеде книгата од Оној што седеше на престолот.
8
И кога ја зеде книгата, четирите суштества и дваесет и четирите старешини паднаа ничкум пред Јагнето, држејќи секој од нив лира и златни чаши, полни со темјан, коишто се молитвите на светиите;
9
и пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто беше заклан и со Својата крв, нас, од секој род, јазик, народ и племе нѐ искупи за Бога од секој род, јазик, народ и племе,
10
и ги направи пред нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваат на земјата!“
11
И видов и чув глас на многу ангели околу престолот, околу суштествата и старешините, а бројот им беше десетици илјади по десет илјади и илјадници илјади,
12
што велеа со силен глас: „Достојно е закланото Јагне да ги прими силата и богатството и мудроста и моќта и честа и славата и благословот!“
13
И чув како секое создание на небото и на земјата, под земјата и во морето, и сѐ што е во нив, зборува: „На Оној што седи на престолот, и на Јагнето – благослов и чест, слава и власт во вечни векови!“
14
А четирите суштества велеа: „Амин!“ И старешините паднаа ничкум и Му се поклонија.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22