bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 12
Revelation 12
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 13 →
1
И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонцето; под нејзините нозе беше месечината, а на нејзината глава – венец од дванаесет ѕвезди.
2
Таа беше бремена и викаше од породилни болки, и се мачеше да роди.
3
И се покажа друг знак на небото, и ете, голем огненоцрвен змеј со седум глави и десет рогови, а на неговите глави имаше седум круни;
4
неговата опашка повлече една третина од небесните ѕвезди и ги фрли на земјата. Змејот застана пред жената што требаше да роди, та, кога ќе роди, да го изеде нејзиното дете.
5
И роди машко дете, син што ќе ги води сите народи со железен жезол; и детето ѝ беше грабнато и однесено кај Бога и Неговиот престол.
6
А жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена.
7
И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели започнаа војна против змејот, а и змејот и неговите ангели завојуваа,
8
но не издржаа, и не им се најде веќе место на небото.
9
И беше исфрлен змејот – старата голема змија, наречена ѓавол и сатана, што ја заведува целата вселена, беше соборен на земјата, и заедно со него беа соборени и неговите ангели.
10
И чув силен глас на небото како зборува: „Сега настана спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е исфрлен клеветникот на нашите браќа, кој дење и ноќе ги клеветеше пред нашиот Бог.
11
Тие го победија со крвта на Јагнето и со словото на своето сведоштво и не се грижеа за својот живот дури до самата смрт.
12
Затоа веселете се, небеса, и вие што живеете на нив! Но, тешко вам, земјо и море, зашто ѓаволот слезе кај вас со голем гнев, бидејќи знае дека му останува малку време!“
13
А кога змејот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената што го беше родила машкото дете.
14
И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, за таму да се храни време и времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.
15
И змијата испушти од својата уста вода како река по жената, та реката да ја однесе.
16
Но земјата ѝ помогна на жената: ја отвори земјата својата уста и ја проголта реката што ја беше испуштил змејот од својата уста.
17
И се разгневи змејот на жената, и отиде да војува со останатите од нејзиното потомство што ги пазат Божјите заповеди и го чуваат сведоштвото на Исус.
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22