bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 19
Revelation 19
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 20 →
1
Потоа чув силен глас како од големо мноштво на небото, кој велеше: „Алилуја, спасение и слава и сила на нашиот Бог,
2
зашто Неговите судови се вистинити и праведни; бидејќи Тој ја осуди големата блудница којашто со своето блудство ја расипа земјата, и ја одмазди крвта на Своите слуги, врз нејзината рака.“
3
И повторно рекоа: „Алилуја! Нејзиниот чад се издига во вечни векови!“
4
И паднаа дваесет и четирите старешини и четирите суштества, та Му се поклонија на Бога, Кој седи на престолот велејќи: „Амин, алилуја!“
5
А од престолот излезе глас, кој велеше: „Фалете Го нашиот Бог сите Негови слуги, и вие, што се плашите од Него, мали и големи!“
6
И чув глас како од големо мноштво, глас како од многу води, и како глас од силни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Седржителот!
7
Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и Неговата жена се приготви!
8
И ѝ се даде да се облече во светол и чист висон.“ А висонот се праведните дела на светиите.
9
И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ И ми рече: „Ова се вистински Божји зборови!“
10
И паднав пред неговите нозе да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, јас сум слуга како и ти и твоите браќа, што го имаат Исусовото сведоштво; поклони Му се на Бога, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото!“
11
И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној што го јава се вика Верен и Вистинит, и праведно суди и војува;
12
очите Му се огнен пламен, а врз неговата глава многу круни со напишаното име никој не го знае освен Него.
13
И облечен е во облека потопена во крв, и името му е Слово Божјо.
14
А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.
15
Од Неговата уста излегува остар меч од двете стрни, за да ги порази со него незнабожците. Тој ќе ги пасе со железен жезол и ќе ја столчи пресата со вино на јароста на гневот на Бога Седржителот.
16
И врз облеката и врз Неговото бедро напишано е името: „Цар на царевите и Господар на господарите.“
17
Потоа видов ангел како стои на сонцето; тој извика со силен глас и им рече на сите птици што летаа среде небото: „Долетајте и соберете се на големата Божја вечера,
18
да јадете месо на цареви, месо на заповедници, месо на силни, месо на коњи и на нивните јавачи, и месо на сите – слободни и робови, мали и големи!“
19
Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани за да завојуваат против Оној што седеше на коњ, и Неговата војска.
20
Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше знаци пред него, та ги заведе оние што беа примиле белег од ѕверот и се поклонуваа на неговиот образ: и двајцата беа живи фрлени во огненото езеро со запален сулфур;
21
останатите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној што седеше на коњот. И сите птици се наситија од нивното месо.
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 20 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22