bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 17
Revelation 17
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 18 →
1
Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте чаши, и зборуваше со мене, велејќи ми: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи над многу води;
2
со неа блудничеа земните цареви, и со виното на нејзиниот блуд се опија жителите на земјата!“
3
И ме одведе со духот во пустина: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.
4
А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со драгоцени камења и бисери. Во својата рака држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од нејзиниот блуд.
5
А на челото ѝ беше напишано името: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“
6
И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на Исусовите сведоци; и се зачудив многу кога ја видов.
7
И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на женава и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.
8
Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема; тој ќе излезе од бездната и ќе загине; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се зачудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, но повторно ќе дојде.
9
Овде е умот што има мудрост. Седумте глави се седумте гори врз кои седи жената;
10
тие се и седум цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, треба малку да остане.
11
И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе оди во пропаст.
12
А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои уште не примиле царства, туку како цареви ќе примат власт само за еден час заедно со ѕверот.
13
Тие се едномислени, и својата сила и власт ќе му ги предадат на ѕверот.
14
Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тоа е Господар над господарите и Цар над царевите; и оние што се со Него, се повикани и избрани и верни.“
15
И ми рече: „Водите што ги виде, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и народите, племињата и јазиците.
16
А десетте рогови, што ги виде и ѕверот, ќе ја замразат блудницата, ќе ја опустошат и соголат, и нејзиното месо ќе го изедат, а неа на оган ќе ја изгорат.
17
Зашто Бог им даде во нивните срца да ја извршат Неговата намера, да дејствуваат едномислено и да го дадат своето царство на ѕверот, додека не се извршат Божјите зборови.
18
А жената што ја виде ти, е големиот град што царува над земните цареви.“
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 18 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22