bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 7
Revelation 7
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 8 →
1
Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво.
2
И видов друг ангел како се подига од сончевиот исток држејќи го печатот на живиот Бог. И тој извика со силен глас кон четирите ангела, на кои им беше дадено да им пакостат на земјата и морето, велејќи:
3
„Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“
4
И го чув бројот на обележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа обележани од сите племиња на Израилевите синови.
5
Од Јудиното племе обележани со печат – дванаесет илјади; од Рувимовото племе – дванаесет илјади; од Гадовото племе – дванаесет илјади;
6
од Асировото племе – дванаесет илјади; од Нефталимовото племе – дванаесет илјади; од Манасиевото племе – дванаесет илјади;
7
од Симеоновото племе – дванаесет илјади, од Левиевото племе – дванаесет илјади; од Исахаровото племе – дванаесет илјади;
8
од Завулоновото племе – дванаесет илјади; од Јосифовото племе – дванаесет илјади; од Венијаминовото племе – дванаесет илјади обележани со печат.
9
Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, – од сите родови и племиња, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.
10
И воскликнуваа со силен глас, велејќи: „Спасението е од нашиот Бог, Кој седи на престолот, и од Јагнето!“
11
А сите ангели стоеја околу престолот и околу старешините и четирите суштества, и паднаа ничкум пред престолот и Му се поклонија на Бога,
12
велејќи: „Амин! Благословот и славата и мудроста и благодарноста и честа и силата и моќта на нашиот Бог во вечни векови. Амин!“
13
А еден од старешините прозборе и ме праша: „Оние, облечени во бели облеки, кои се и од каде дошле?“
14
А јас му одговорив: „Господине мој, ти знаеш.“ А тој ми рече: „Тие се оние што доаѓаат од големи маки; тие ги испраа своите облеки и ги избелија во крвта на Јагнето.
15
Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној што седи на престолот, ќе го распростре Својот шатор над нив;
16
и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; и нема да ги пече сонцето и никаква горештина;
17
бидејќи Јагнето, Кое е среде престолот, ќе им биде пастир и ќе ги води на изворите со жива вода; и Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи.“
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22