bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 13
Revelation 13
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 14 →
1
И застанав на морскиот песок. И видов како од морето излегува ѕвер со десет рогови и седум глави; на неговите рогови имаше десет круни, а на неговите глави – богохулни имиња.
2
Ѕверот што го видов прилегаше на леопард: нозете му беа како кај мечка, а устата – како уста на лав. И змејот му ја даде својата сила, и својот престол, и голема власт.
3
И една од неговите глави како да беше смртно ранета, но смртната рана му заздраве. Тогаш се зачуди целата земја и тргна по ѕверот;
4
и му се поклонија на змејот што му беше дал власт на ѕверот; му се поклонија и на ѕверот, велејќи: „Кој е како ѕверот, и кој може да војува со него?“
5
Нему му се даде уста да зборува горделиво и хулно; и му се даде власт да војува четириесет и два месеца.
6
И ја отвори устата за хулење против Бога, да го хули Неговото име, Неговото живеалиште и оние што живеат на небото.
7
И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секој род, народ јазик и племе.
8
И ќе му се поклонат сите што живеат на земјата, чиишто имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето Коешто е заклано од создавањето на светот.
9
Кој има уво, нека чуе:
10
кој во ропство води, во ропство ќе биде одведен; кој со меч убива, од меч ќе биде убиен. Тука е трпението и верата на светиите.
11
И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змејот.
12
Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и нејзините жители да му се поклонат на првиот ѕвер, чијашто смртна рана се беше излечила;
13
и правеше големи знаци, дури предизвика и оган да слегува од небото на земјата пред луѓето.
14
И заведуваше од моите, од оние што живеат на земјата со знаците што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жители да му направат образ од ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.
15
И му се даде да вложи дух во образот на ѕверот, та ѕверовиот образ да проговори и да направи да бидат убиени оние што нема да се поклонат пред образот од ѕверот.
16
И ги тераше сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на нивната десна рака или на нивните чела,
17
та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го имаат белегот, или името на ѕверот или бројот на неговото име.
18
Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22