bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 9
Revelation 9
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 10 →
1
Затруби и петтиот ангел, и видов ѕвезда падната од небото на земјата. И ѝ беше даден клучот од кладенецот на бездната;
2
па го отвори кладенецот на бездната, и од кладенецот излезе чад како чад од разгорена печка; сонцето и воздухот потемнеа од чадот на кладенецот.
3
И од чадот излегоа скакулци на земјата, и им се даде власт, каква што имаат земните скорпии.
4
И им се рече да не ја повредуваат тревата по земјата, ниту какво и да било зеленило, ниту какво и да било дрво, туку само оние луѓе што немаат Божји печат на своите чела.
5
И им се даде не да ги убиваат, туку само да ги мачат пет месеци; и нивното мачење беше како мачење од скорпија, кога ќе касне човек.
6
Во тие денови луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; и ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.
7
Изгледот на скакулците прилегаше на коњи приготвени за војна, на нивните глави имаше нешто слично на златни венци, а лицата им беа како човечки лица;
8
имаа коси како косите на жени, а нивните заби беа како на лавови.
9
И имаа оклопи како оклопи од железо; а шумот на нивните крилја беше како шум на коли со многу коњи кога трчаат во војна.
10
Имаа опашки како скорпиите, и осила; а во своите опашки имаа сила да им пакостат на луѓето пет месеци.
11
И за цар над себе го имаа ангелот на бездната, чиешто име на еврејски е Авадон, а на грчки – Аполион.
12
Едното зло помина, еве идат уште две зла по него.
13
И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога,
14
кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: „Ослободи ги четирите ангела, врзани кај големата река Еуфрат!“
15
И беа одврзани четирите ангела, што беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето.
16
Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број.
17
И така во видение ги видов коњите и оние кои јаваа на нив, што имаа огнени и синкасти и сулфурни оклопи. Главите на коњите беа како глави од лавови, а од нивната уста излегуваше оган, чад и сулфур.
18
А од тие три напасти – огнот, чадот и сулфурот, што излегуваа од нивните усти, умре една третина од луѓето,
19
бидејќи силата на коњите е во нивната уста и во нивните опашки; зашто нивните опашки наликуваа на змии, имаа глави и со нив пустошеа.
20
А останатите луѓе, што не загинаа од тие зла, не се покајаа за делата на своите раце – та да не се поклонуваат на демони и на идоли златни и сребрени, и бронзени, и камени и дрвени, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат;
21
и не се покајаа за своите убиства, ниту за своите вражби, ниту за својот блуд, ниту за своите кражби.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22