bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 16
Revelation 16
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 17 →
1
И чув од храмот силен глас како им вели на седумте ангели: „Одете, излејте ги седумте чаши со Божјиот гнев на земјата!“
2
И отиде првиот и ја излеа својата чаша на земјата; и се појавија лоши и лути чирови по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и се поклонуваа на неговиот образ.
3
И вториот ангел ја излеа својата чаша во морето: и тоа стана како крв од мртовец; и секоја жива душа во морето изгина.
4
Третиот ангел ја излеа својата чаша во реките и во водните извори, и тие се претворија во крв.
5
И го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си Ти, Кој си и Кој беше, Кој си свет, зашто така пресуди,
6
бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат!“
7
И чув друг како зборува од жртвеникот: „Да, Господи Боже Седржителу, вистинити и праведни се Твоите судови!“
8
И четвртиот ја излеа својата чаша врз сонцето; и му се даде да ги жари луѓето со оган.
9
И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога Кој има власт над тие напасти, и не се покајаа да Му оддадат слава.
10
И петтиот ја излеа својата чаша врз престолот на ѕверот; и неговото царство се помрачи и луѓето ги гризеа своите јазици од болка
11
и Го похулија небесниот Бог поради своите болки и чирови, но не се покајаа за своите дела.
12
И шестиот ја излеа својата чаша во големата река Еуфрат; и пресуши нејзината вода за да се приготви патот за царевите од исток.
13
И видов од устата на змејот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;
14
зашто тие се демонски духови што прават знаци; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во великиот ден на Бога Седржителот.
15
„Ете, Јас доаѓам како крадец; блажен е оној кој бдее и ја пази својата облека за да не оди гол и да не го видат неговиот срам!“
16
И ги собра на местото наречено на еврејски Армагедон.
17
И седмиот ја излеа својата чаша врз воздухот; и од престолот на небесниот храм излезе силен глас кој извика: „Се сврши!“
18
И се појавија молњи, гласови и громови, и настана силен земјотрес, таков голем и силен потрес, каков што немало откако постојат луѓе на земјата.
19
Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон беше спомнат пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев.
20
Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се најдоа.
21
И град, голем како талант, падна од небото врз луѓето; а луѓето Го похулија Бога поради напаста од градот, зашто таа напаст беше многу голема.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22