bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Revelation 8
Revelation 8
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 9 →
1
Кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото околу половина час.
2
И ги видов седумте ангела што стоеја пред Бога и им беа дадени седум труби.
3
И дојде друг ангел што имаше златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот.
4
Чадот од темјанот, заедно со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.
5
И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фрли на земјата, и тогаш се појавија грмотевици и гласови и молњи и земјотрес.
6
И седумте ангела што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат.
7
Првиот затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и беа фрлени на земјата. И една третина од земјата изгоре, и една третина од дрвјата изгореа и сета зелена трева изгоре.
8
Затруби и вториот ангел – и како некоја голема гора, пламната во оган, беше фрлена во морето; и третина од морето се претвори во крв;
9
и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една третина од корабите пропаднаа.
10
И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и врз водните извори.
11
А името на таа ѕвезда е Пелин. И третина од водите стана како пелин, и многу луѓе умреа од водите, бидејќи тие станаа горки.
12
Затруби и четвртиот ангел, и беше поразена една третина од сонцето, една третина од месечината и една третина од ѕвездите, за да потемне една третина од нив, и третина од денот, како и од ноќта, да не свети.
13
И видов и чув еден орел како лета среде небото и вика со силен глас: „Тешко, тешко, тешко на оние што живеат по земјата од останатите трубни гласови на трите ангела што ќе затрубат!“
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22