bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 12
Acts 12
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
1
Во тоа време цар Ирод почна да прогонува некои од Црквата, за да им нанесе зло.
2
Со меч го уби Јаков, братот на Јован.
3
А кога виде дека тоа им се допаѓа на Јудејците, го фати и Петар. Тоа беше за време на Бесквасници.
4
Кога го фати него, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по четири војници да го пазат, со намера веднаш по Пасха да го изведе пред народот.
5
И така, додека Петар го пазеа во затворот, црквата непрестајно Му се молеше на Бога за него.
6
Ноќта, спроти денот кога Ирод сакаше да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во два синџира, а стражарите пред портата го чуваа затворот.
7
И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во ќелијата. Ангелот го потчукна Петар по ребрата и го разбуди, па му рече: „Стани брзо!“ И оковите му паднаа од рацете.
8
Тогаш ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги сандалите!“ Така и направи. Па му рече: „Облечи ги своите алишта и дојди по мене!“
9
И излезе и тргна по него, а не знаеше дека тоа, што го направи ангелот, е вистина, туку си мислеше дека има видение.
10
Откако ги изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама. Тие излегоа и преминаа преку една улица, и во тој час ангелот си отиде од него.
11
Тогаш Петар, откако дојде на себе, си рече: „Сега знам дека навистина Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете на Ирод и од сѐ, што очекуваше јудејскиот народ.“
12
Сфаќајќи го тоа, тој дојде до куќата на Марија, мајката на Јован, наречен Марко, каде што беа собрани многумина и се молеа.
13
А кога Петар затропа на портата, слугинката по име Рода пријде да наслушне.
14
И, штом го позна гласот на Петар, таа од радост не ја отвори капијата, туку се втрча и јави дека Петар стои пред капијата.
15
А тие ѝ рекоа: „Ти си луда!“ Но таа настојуваше дека тоа е така. А тие велеа: „Тоа сигурно е неговиот ангел.“
16
Петар, пак, постојано чукаше. А кога му отворија, го видоа и се зачудија многу.
17
Тој им мавна со раката да молчат, а потоа им раскажа како Господ го извел од затворот, и рече: „Соопштете им за ова на Јаков и на браќата!“ Потоа излезе и отиде на друго место.
18
Утредента меѓу војниците настана голема вознемиреност поради тоа што се случило со Петар.
19
А Ирод, кога го побара и не успеа да го пронајде, ги испита стражарите и заповеда да ги погубат, па слезе од Јудеја во Кесарија, и таму се задржа.
20
Ирод беше гневен на Тирците и Сидонците. Но тие, бидејќи нивните земји добиваа храна од неговото царство, се договорија и дојдоа кај него еднодушни, и откако го придобија на своја страна царевиот собар Власт, побараа мир.
21
Во договорениот ден Ирод се облече во царска облека, седна на престолот и одржа говор пред народот.
22
А народот воскликнуваше: „Ова е глас Божји, а не човечки.“
23
Но ненадејно во истиот миг го порази ангел Господов, зашто не Му воздаде слава на Бога и изеден од црви, тој умре.
24
А словото Божјо сѐ повеќе растеше и се распространуваше.
25
Варнава и Савле, откако го исполнија задолжението, се вратија од Ерусалим, а со себе го зедоа и Јован, наречен Марко.
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Recommended Reading
Commentary
Acts Commentaries
→
Devotional
Acts Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Нов Превод на Новиот Завет ) Study Bible
→