bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 19
Acts 19
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 20 →
1
Додека Аполос беше во Коринт, Павле мина низ горните земји и дојде до Ефес. Таму сретна некои ученици,
2
и им рече: „Кога поверувавте, Го примивте ли Светиот Дух?“ А тие му одговорија: „Ние не сме ни слушнале дека има Свет Дух.“
3
Тој им рече: „А како бевте крстени?“ Тие одговорија: „Со Јовановото крштение.“
4
Павле рече: „Јован крштеваше со покајно крштевање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој доаѓа по него, односно во Исус Христос.“
5
Кога го слушнаа тоа, тие се крстија во името на Господ Исус.
6
И кога Павле ги положи рацете на нив, Светиот Дух слезе на нив. Тогаш тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат.
7
А вкупно беа околу дванаесет души.
8
Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше, разговарајќи со нив и убедувајќи ги за царството Божјо.
9
Но, бидејќи некои беа тврдоглави и непокорни, и лошо зборуваа за патот Господов пред народот, Павле се оддели од нив, ги одвои учениците и секојдневно расправаше во училиштето на некој Тиран.
10
Тоа траеше цели две години, така што сите жители на Азија, како Јудејците, така и Елините, можеа да го слушаат словото за Господ Исус.
11
А Бог правеше исклучителни чуда преку Павловите раце,
12
така што врз болните полагаа крпи и престилки, што го беа допреле неговото тело, и болестите ги напуштаа, а злите духови излегуваа од нив.
13
Некои, пак, од Јудејците кои скитаа наоколу и ги истеруваа злите духови, се обидоа да го повикаат името на Господ Исус над оние кои беа обземени од зли духови, и велеа: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!“
14
Тоа го правеа и седумте сина на јудејскиот првосвештеник Скева.
15
А злиот дух одговори и рече: „Исус Го познавам и Павле го знам; но кои сте вие?“
16
И човекот, во кого имаше зол дух, скокна на нив, ги совлада и покажа против нив таква сила, што тие, голи и ранети, побегнаа од таа куќа.
17
За тоа разбраа сите Јудејци и Елини, кои живееја во Ефес, и сите нив ги обзеде страв; и името на Господ Исус се величаше.
18
И многумина од оние што поверуваа доаѓаа, та се исповедаа и ги откриваа своите дела.
19
А мнозина од оние, кои правеа магии, ги донесоа своите книги и ги изгореа пред сите, па дури ја пресметаа и нивната цена и утврдија дека чинат педесет илјади сребреници.
20
Така Господовото слово моќно растеше и се засилуваше.
21
А кога се заврши тоа, Павле намисли, откако ќе ги мине Македонија и Ахаја, да оди во Ерусалим, па рече: „Откако ќе престојувам таму, ќе треба да го видам Рим.“
22
И прати во Македонија двајца свои помошници – Тимотеј и Ераст, а самиот остана извесно време во Азија.
23
Во тоа време се дигна голем бунт против Господовиот пат:
24
некој златар, по име Димитриј, кој правеше сребрени храмови за Артемида и на занаетчиите им овозможуваше со тоа не мала заработувачка,
25
ги повика нив, а и други работници кои работеа околу такви работи, и им рече: „Мажи, познато ви е дека од таа работа зависи нашата благосостојба.
26
А, гледате и слушате дека не само во Ефес, туку скоро во цела Азија, тој Павле убеди и заведе доста народ, велејќи дека не се богови оние што се прават од човечки раце.
27
Затоа постои опасност не само нашиот занает да биде презрен, туку и храмот на великата божица Артемида да се смета за безвреден, и да пропадне величието на онаа, која ја почитува цела Азија и светот.“
28
Кога го слушнаа тоа, се исполнија со гнев, и почнаа да извикуваат велејќи: „Велика е Артемида Ефеска!“
29
И целиот град се побуни, па еднодушно се втрчаа во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх, Павловите сопатници.
30
А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија.
31
Исто така и некои од азиските началници, бидејќи му беа пријатели, испратија кај него луѓе и го молеа да не се појавува во театарот.
32
И така, едни извикуваа едно, други – друго; зашто меѓу насобраните владееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беа собрале.
33
По предлог на Јудејците, од народот беше повикан Александар. Тој даде знак со рака, сакајќи да одржи одбранбен говор пред народот.
34
Но кога дознаа дека е Јудеец, сите едногласно почнаа да викаат околу два часа: „Велика е Артемида Ефеска!“
35
Кога градскиот писар конечно го смири народот, рече: „Луѓе ефесјани, кој човек не знае дека градот Ефес е чувар на великата божица Артемида и на нејзиниот кип паднат од небото?
36
Па штом тоа е неспорно, вие треба да бидете мирни и да не правите ништо непромислено.
37
А вие сте ги довеле овие луѓе, кои ниту храмот го ограбиле, ниту, пак, ја хулат вашата божица.
38
Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат спор со некого, постојат судови, а има и проконзули: нека се тужат едни со други.
39
Ако, пак, барате нешто друго, тоа ќе биде решено во законското собрание.
40
Зашто постои опасност да бидеме обвинети за бунт поради денешнава работа, бидејќи нема никаква причина, со која можеме да го оправдаме овој собир.“ Штом го рече тоа, го распушти собирот.
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 20 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Recommended Reading
Commentary
Acts Commentaries
→
Devotional
Acts Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Нов Превод на Новиот Завет ) Study Bible
→