bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 2
Acts 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 3 →
1
Кога дојде денот Педесетница, сите беа еднодушни и собрани на едно место.
2
Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како кога дува силен ветар, и ја исполни целата куќа во која седеа.
3
И им се појавија јазици како од оган, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив.
4
И сите се исполнија со Светиот Дух, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што Духот им даваше да изговараат.
5
А во Ерусалим имаше Јудејци, благочестиви луѓе, од секој народ под небото.
6
Кога настана тој звук, народот се насобра и се вознемири, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот јазик.
7
И сите беа восхитени и се чудеа, велејќи си меѓу себе: „Ете, овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци?
8
Па како тогаш секој од нас го слуша својот мајчин јазик?
9
Партјани, Мидијци, Еламити и жителите од Месопотамија, Јудеја и Кападокија, од Понт и Азија,
10
од Фригија, и Памфилија, од Египет и од краиштата на Либија покрај Киринеја, па и посетителите од Рим – Јудеи и прозелити,
11
Критјани и Арапи, еве слушаме како тие на нашите јазици зборуваат за големите Божји дела?“
12
Сите се чудеа и во недоумица си зборуваа еден со друг: „Што ли значи ова?“
13
А други, потсмевајќи се, велеа: „Се напиле со слатко вино!“
14
Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна својот глас и им рече: „Луѓе Јудејци и вие сите што живеете во Ерусалим, знајте го ова и внимателно слушнете ги моите зборови;
15
овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час од денот;
16
но ова е претскажаното преку пророкот Јоил:
17
’И ете во последните денови, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат вашите синови и ќерки, и вашите млади ќе имаат виденија и вашите старци ќе сонуваат соништа.
18
Па дури и врз Моите слуги и слугинки во тие денови ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат.
19
И ќе покажам чуда горе на небото и знаци долу на земјата – крв, оган и облаци чад.
20
Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, пред да настапи великиот и славен ден Господов.
21
И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘
22
Луѓе Израилци, слушнете ги овие зборови: Исус Назареецот, Човекот посведочен пред вас од Бога со дела, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, Бог преку Него ги направи меѓу вас,
23
беше предаден според определениот Божји план и предзнаење, а вие Го распнавте преку рацете на беззакониците и Го убивте.
24
Но Бог Го воскресна, ослободувајќи Го од смртните маки, бидејќи не беше можно смртта да Го задржи.
25
Зашто Давид за Него вели: ’Секогаш Го гледав Господ пред себе. Зашто Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам.
26
Затоа се развесели моето срце и се зарадува мојот јазик; па дури и моето тело ќе почива во надеж;
27
зашто нема да ја оставиш мојата душа во адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање.
28
Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со веселба преку Твоето лице.‘
29
Браќа, можам слободно да ви зборувам за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а неговиот гроб е меѓу нас сѐ до овој ден.
30
А, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва дека од плодот на неговите бедра ќе Го подигне Христос по тело и ќе Го постави на Својот престол,
31
го предвиде ова и кажа за воскресението на Христос дека ниту Неговата душа ќе биде оставена во адот, ниту Неговото тело ќе види распаѓање.
32
Бог Го воскресна Овој Исус. За тоа сите ние сме сведоци.
33
И затоа, Тој, откако беше воздигнат оддесно на Бога и го прими од Отецот ветувањето на Светиот Дух, го излеа ова што сега вие го гледате и го слушате.
34
Зашто Давид не се вознесе на небесата, туку самиот вели: ’Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна,
35
додека не ги поставам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе.‘
36
И затоа, нека знае со сигурност сиот Израилев дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.“
37
Кога го слушнаа тоа, им се растреперија срцата, па им рекоа на Петар и на другите апостоли: „Браќа, што да направиме?“
38
А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе го примите дарот на Светиот Дух.
39
Зашто ветувањето ви припаѓа вам и на вашите чеда и на сите што се далеку, а кои ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“
40
И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од ова изопачено поколение!“
41
И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се присоединија во тој ден околу три илјади души.
42
И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедништвото, во прекршувањето на лебот и во молитвите.
43
И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чуда и знаци се вршеа преку апостолите.
44
А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко.
45
Тие ги продаваа имотите и сопственоста и на секого му раздаваа колку што му беше потребно.
46
И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце,
47
Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај целиот народ. А Господ секој ден ги присоединуваше кон Црквата оние кои се спасуваа.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28