bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 7
Acts 7
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 8 →
1
Тогаш првосвештеникот рече: „Точно ли е тоа?“
2
А тој одговори: „Луѓе, браќа и татковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се насели во Харан,
3
и му рече: ’Излези од твојата земја и од твојот род, па дојди во земјата што ќе ти ја покажам.‘
4
Тогаш тој излезе од Халдејската земја и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресели во оваа земја, во која вие сега живеете.
5
И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде нему и на неговото потомство во посед, иако тој уште немаше дете.
6
И му рече Бог вака: ’Твоите потомци ќе бидат преселени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четиристотини години.
7
Но Jас‘, рече Бог ’ќе му судам на оној народ, кому ќе му робуваат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова место‘.
8
И му го даде како завет обрезанието. Потоа од Авраам се роди Исак и тој го обреза во осмиот ден; од Исак се роди Јаков, од Јаков, пак, дванаесетте патријарси.
9
Патријарсите му завидуваа на Јосиф и го продадоа во Египет; но Бог беше со него,
10
и го избави од сите маки и му подари благодат и мудрост пред фараонот, египетскиот цар, кој го постави за началник над Египет и над целиот свој дом.
11
Тогаш настана глад и голема мака по целата египетска и хананска земја, и нашите татковци не наоѓаа храна.
12
А Јаков, кога чу дека во Египет има пченица, најпрво таму ги прати нашите татковци.
13
И кога отидоа по вторпат, Јосиф им се откри на браќата и фараонот го запозна родот на Јосиф.
14
Тогаш Јосиф прати гласници да го повикаат татко му Јаков и целиот негов род – седумдесет и пет души.
15
И така Јаков слезе во Египет, и таму умреа тој и нашите татковци;
16
и ги пренесоа во Сихем, и ги положија во гробот, што во Сихем Авраам го беше купил за сребро од синовите на Емор.
17
Но како што наближуваше времето за исполнување на ветувањето, за кое Бог му се заколна на Авраам, во Египет се зголемуваше и се намножуваше бројот на луѓето,
18
сѐ додека во Египет не завладеа друг цар, кој не го познаваше Јосиф.
19
Тој лукаво постапи со нашиот народ, ги мачеше нашите татковци, присилувајќи ги да ги оставаат своите новороденчиња за да не преживеат.
20
Во тоа време се роди и Мојсеј, кој Му беше мил на Бога и три месеци беше хранет во куќата на својот татко.
21
А кога беше оставен, него го прибра фараоновата ќерка и го одгледа како свој син.
22
И Мојсеј ја научи целата египетска мудрост и беше силен во зборови и во дела.
23
А кога навршуваше четириесет години, му дојде при срце да ги посети своите браќа, Израилевите синови.
24
И кога виде дека еден од нив беше онеправдан, го заштити и се одмазди за измачуваниот, убивајќи го Египќанецот.
25
Тој мислеше дека неговите браќа ќе согледаат дека Бог преку неговата рака им дава спасение, но тие не сфатија.
26
А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и сакајќи да ги помири, рече: ’Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘
27
Но оној што го онеправдуваше својот ближен, го оттурна од себе и му рече: ’Кој те поставил тебе да бидеш началник и судија над нас?
28
Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што вчера го уби Египќанецот?‘
29
Поради тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во Мадијамската земја, каде што му се родија два сина.
30
И кога поминаа четириесет години, му се јави ангел Господов во пустината на Синајската Гора, во огнен пламен на една капина.
31
Мојсеј штом виде, се зачуди од тоа видение; и кога се приближи да погледа внимателно, дојде до него гласот Господов:
32
’Јас сум Бог на твоите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јаковов.‘ Мојсеј се растрепери и не смееше да погледа.
33
А Господ му рече: ’Собуј си ги обувките од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја!
34
Јас ги видов добро маките на Мојот народ што е во Египет и го слушнав неговото воздивнување; па слегов да го избавам; а сега дојди да те пратам во Египет!‘
35
Тој, Мојсеј, кого го беа одбиле, велејќи: ’Кој те поставил тебе за началник и судија‘, него Бог преку раката на ангелот, кој му се јави во капината, го прати за началник и избавител.
36
Тој ги изведе, правејќи чуда и знаци во египетската земја и во Црвеното Море и во пустината во тек на четириесет години.
37
Тоа е истиот Мојсеј што им беше рекол на Израилевите синови: ’Господ, вашиот Бог, од вашите браќата ќе ви издигне Пророк како мене. Него послушајте Го!‘.
38
Тоа е оној што на собирот во пустината беше со ангелот кој му зборуваше на Синајската планина, како и со нашите татковци; тој прими животворни зборови за да ни ги предаде нам,
39
и нему нашите татковци не сакаа да му се покорат, туку го отфрлија и со своите срца се свртеа кон Египет,
40
велејќи му на Арон: ’Направи ни богови што ќе одат пред нас; зашто не знаеме што му стана на овој Мојсеј кој нѐ изведе од египетската земја.‘
41
И во оние денови си направија лик на теле, и му принесоа жртва на идолот и се веселеа пред делото на своите раце.
42
Затоа Бог се одврати од нив и ги предаде да му служат на небесното воинство, како што е напишано во книгата на пророците: ’Доме Израилев, Ми принесовте ли вие заклани животни и жртви во текот на четириесетте години во пустината?
43
Вие го прифативте шаторот на Молох и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, кипови што ги направивте вие за да им се поклонувате: и затоа ќе ве преселам отаде Вавилон.‘
44
Скинијата на сведоштвото беше со нашите татковци во пустината, како што беше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел.
45
Неа нашите татковци ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, кои Бог ги изгони пред лицето на нашите татковци; и така беше сѐ до времето на Давид,
46
кој најде благодат пред Бога и посака да најде живеалиште за Јакововиот Бог.
47
А Соломон Му изгради дом.
48
Но Севишниот не живее во ракотворени храмови, како што вели пророкот;
49
’Небото е Мојот престол, а земјата Ми е подножје. Каков дом ќе Ми изградите, вели Господ, или кое место е за Мојата почивка?
50
Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘
51
Тврдоглави и необрезани во срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како вашите татковци, така и вие.
52
Кого од пророците не го гонеа вашите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Праведниот, чии предавници и убијци сега станавте и вие,
53
вие, што го примивте Законот преку ангелско служење, а не го одржавте.“
54
Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа на него.
55
А Стефан, исполнет со Светиот Дух, погледна кон небото, ја виде Божјата слава и Исус како стои оддесно на Бога,
56
и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои оддесно на Бога.“
57
Но тие извикаа со висок глас, ги затворија своите уши и еднодушно се нафрлија на него.
58
И откако го изведоа надвор од градот, го каменуваа; а сведоците ги оставија своите облеки пред нозете на едно момче, по име Савле.
59
И додека фрлаа камења врз Стефан, тој се молеше и велеше: „Господи Исусе, прими го мојот дух!“
60
Па падна на колена, извика со силен глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, почина.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28