bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 22
Acts 22
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 23 →
1
„Луѓе, браќа и татковци! Послушајте ја сега мојата одбрана пред вас.“
2
А кога слушнаа дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече:
3
„Јас сум Јудеец, родум од Тарс Киликиски, но воспитан во овој град при нозете на Гамалиил, поучен точно според Законот на татковците и ревнител за Бога, како што сте и сите вие денес.
4
Јас до смрт ги гонев приврзаниците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени.
5
За тоа можат да посведочат првосвештеникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата во Дамаск, каде одев за да ги доведам врзани во Ерусалим и оние кои беа таму, за да бидат казнети.
6
Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од небото ме осветли силна светлина.
7
Јас паднав на земја и слушнав глас, кој ми зборуваше: ’Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘
8
Јас, пак, одговорив: ’Кој си Ти, Господи?‘ А Тој ми рече: ’Јас сум Исус Назареецот, Кого ти Го гониш.‘
9
Оние, кои беа со мене, ја видоа светлината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа.
10
Тогаш реков: ’Што да правам, Господи?‘, А Господ ми рече: ’Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде кажано сѐ, што ти е одредено да правиш.‘
11
И бидејќи од блесокот на таа светлина го изгубив видот, моите придружници ме поведоа за рака, и така ме одведоа во Дамаск.
12
А некој Ананија, благочестив човек според Законот, докажан меѓу сите Јудејци во Дамаск,
13
дојде кај мене, застана и ми рече: ’Брате Савле, прогледај!‘ И јас во истиот миг прогледав и го видов него.
14
Тој ми рече: ’Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да слушнеш глас од Неговата уста,
15
зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и слушнал.
16
И сега, што одолговлекуваш? Стани, крсти се и измиј ги своите гревови, повикувајќи го името на Господ.‘
17
А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес,
18
Го видов како ми вели: ’Побрзај, излези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го прифатат твоето сведоштво за Мене!‘
19
Јас, пак, одговорив: ’Господи, тие знаат дека јас ги затворав и претепував по синагогите оние што веруваа во Тебе;
20
и кога се пролеваше крвта на Стефан, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘
21
И ми рече: ’Оди! Бидејќи Јас те праќам далеку – кај незнабошците.‘“
22
И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа извикаа со силен глас: „Тргни го таквиот од земјата! Тој не треба да живее!“
23
И бидејќи тие викаа, мавтаа со своите алишта, та креваа прав во воздухот,
24
заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него.
25
Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски граѓанин, и тоа без пресуда?“
26
Кога го слушна тоа стотникот, отиде да го извести заповедникот, па му рече: „Што мислиш да правиш? Овој човек е римски граѓанин!“
27
Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски граѓанин ли си?“ Тој одговори: „Да.“
28
А заповедникот рече: „Тоа граѓанско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле, пак, рече: „А јас сум се родил како таков.“
29
И оние што сакаа да го испитуваат, веднаш отстапија од него. А заповедникот, кога дозна дека тој е римски граѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.
30
Утредента, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Јудејците, го ослободи од оковите и заповеда да дојдат првосвештениците и целиот нивен Синедрион, па го доведе Павле долу и го постави пред нив.
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28