bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 15
Acts 15
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 16 →
1
А некои слегоа од Јудеја и ги подучуваа браќата: „Ако не се обрезете според Мојсеевиот обичај, не може да бидете спасени!“
2
А бидејќи настана расправија, и Павле и Варнава жестоко се препираа со нив, беше одлучено Павле, Варнава и некои други од нив да отидат горе кај апостолите и старешините во Ерусалим заради оваа препирка.
3
Тогаш тие, испратени од црквата, патуваа низ Феникија и Самарија, и раскажувајќи за преобраќањето на незнабошците, предизвикуваа голема радост кај сите браќа.
4
А кога пристигнаа во Ерусалим, беа примени од црквата, од апостолите и од старешините, и им раскажаа за сѐ што Бог направи со нив и како ја отвори вратата на верата и за незнабошците.
5
Тогаш станаа некои од приврзаниците на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезуваат, и да им се заповеда да го пазат Мојсеевиот закон.
6
Апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа прашање.
7
По долго расправање, стана Петар и им рече: „Луѓе, браќа, вие знаете дека Бог од првите денови ме избра меѓу вас, за незнабошците од мојата уста да го слушнат словото на благовестието и да поверуваат;
8
и Бог, Кој ги познава срцата, им посведочи, и им Го даде Светиот Дух како и нам.
9
И не правејќи никаква разлика меѓу нас и нив, со верата им ги очисти срцата.
10
Сега, пак, зошто Го искушувате Бога, ставајќи им на вратот на учениците јарем, што не можеа да го поднесат ни нашите татковци, а не можеме ниту ние.
11
Но ние веруваме дека ќе се спасиме преку благодатта на Господ Исус, исто како и тие.“
12
Тогаш замолкна сето мноштво и ги слушаа Варнава и Павле, кои прикажуваа какви знаци и чуда направил Бог преку нив меѓу незнабошците.
13
А кога тие завршија, прозборе Јаков и рече: „Луѓе, браќа, слушнете ме!
14
Симон изложи како Бог најнапред ги посети незнабошците, за да избере од нив народ за Своето име;
15
и тоа е во склад со зборовите на пророците како што е напишано:
16
’Потоа ќе се вратам и пак ќе ја подигнам паднатата скинија на Давид, и нејзините урнатини ќе ги поправам и ќе ја издигнам,
17
за да Го побараат Господ и останатите луѓе и сите народи, кои се наречени со Моето име.‘ Така вели Господ, Кој го прави сето ова.
18
Познати Му се на Бога сите Негови дела од века.
19
Затоа јас мислам да не им се отежнува на незнабошците, кои се обраќаат кон Бога,
20
туку да им се напише да се чуваат од осквернување преку идоли, блуд, удавено и крв.
21
Зашто уште од старо време во секој град има луѓе, кои го проповедаат Мојсевиот Закон, бидејќи го читаат по синагогите секоја сабота.“
22
Тогаш апостолите и старешините заедно со целата црква одлучија да ги изберат меѓу себе Јуда, наречен Варсава, и Сила, истакнати мажи меѓу браќата, и заедно со Павле и Варнава да ги пратат во Антиохија.
23
И преку нив им го напишаа следново писмо: „Апостолите, старешините и браќата ги поздравуваат браќата, некогашни незнабошци, што се во Антиохија, Сирија и Киликија.
24
Слушнавме дека некои од нас, на кои ништо не сме им заповедале, ве вознемириле со зборови, и ги потресле вашите души, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите Законот.
25
Затоа ние еднодушно одлучивме да избереме луѓе и да ги пратиме кај вас заедно со нашите возљубени Варнава и Павле,
26
луѓе, кои ги предадоа своите души за името на нашиот Господ Исус Христос.
27
И така, ние ви ги пративме Јуда и Сила, кои ќе ви го кажат тоа и усмено.
28
Зашто угодно му беше на Светиот Дух и нам да не ви ставаме никаков друг товар, освен она што е неопходно:
29
да се воздржувате од жртвуваното на идоли, од крв, од удавено, и од блуд. Ако внимавате на ова, добро ќе направите. Останете со здравје!“
30
И така, испратените пристигнаа во Антиохија и кога го собраа народот, му го предадоа посланието.
31
А кога тие го прочитаа, се зарадуваа поради утешниот збор.
32
Јуда, пак, и Сила, кои и самите беа пророци, со многу зборови ги утешија браќата и ги поткрепија.
33
Откако престојуваа таму некое време браќата ги отпуштија со мир за да се вратат кај оние што ги беа испратиле кај апостолите.
34
Но, Сила одлучи да остане.
35
Павле, пак, и Варнава се задржаа во Антиохија, поучувајќи и благовестејќи го словото Господово заедно со мнозина други.
36
По неколку дена Павле му рече на Варнава: „Ајде да се вратиме во сите градови, каде што го проповедавме Господовото слово и да видиме како се нашите браќа.“
37
А Варнава сакаше да го земат со себе и Јован, наречен Марко.
38
Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени.
39
Поради тоа дојде до жестока расправија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Марко, отплови за Кипар;
40
а Павле, пак, го избра Сила и замина, предаден од браќата на Божјата благодат.
41
И, минувајќи низ Сирија и Киликија, ги утврдуваше црквите.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28