bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 17
Acts 17
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 18 →
1
Минувајќи преку Амфипол и Аполонија, дојдоа во Солун, каде што имаше јудејска синагога.
2
Павле, по својот обичај, влезе кај Јудејците и три саботи по ред им зборуваше од Писмата.
3
Тој им објаснуваше и докажуваше дека Христос требаше да пострада и да воскресне од мртвите. И велеше: „Исус, Кого јас ви Го проповедам, е Христос“.
4
И некои од нив поверуваа и се присоединија кон Павле и Сила, – големо мноштво побожни Елини, а исто така и не малку угледни жени.
5
Но некои од Јудејците што не поверуваа, поттикнати од завист, зедоа некои лоши луѓе од пазарите и, собирајќи толпа, го разбунтуваа градот. Потоа ја нападнаа Јасоновата куќа и почнаа да ги бараат за да ги изведат пред народот.
6
А бидејќи не ги најдоа, ги изведоа Јасон и некои од браќата пред градските началници и викаа дека оние што го побуниле целиот свет сега дошле и тука,
7
дека нив ги прибрал Јасон, а сите тие постапуваат спротивно на заповедите на цезарот, велејќи дека има друг цар – Исус.
8
Па ги вознемирија народот и градските началници, кои го слушаа тоа.
9
Но тие, откако добија залог од Јасон и од другите, ги пуштија.
10
А браќата веднаш преку ноќта ги испратија Павле и Сила кон Верија. А кога тие пристигнаа, отидоа во јудејската синагога.
11
Овие беа поблагородни од солунјаните; тие сесрдно го примија словото и секој ден ги проверуваа Писмата, за да се уверат, дали тоа е така.
12
И мнозина од нив поверуваа – од угледните жени Елинки и не мал број мажи.
13
Но штом солунските Јудејци дознаа дека Павле и во Верија го проповеда словото Божјо, дојдоа таму за да го вознемират народот.
14
Тогаш браќата веднаш го испратија Павле да оди кон морето, а Сила и Тимотеј останаа таму.
15
Оние, што го придружуваа Павле, го доведоа до Атина и се вратија со заповед од него до Сила и Тимотеј, да дојдат и тие поскоро кај него.
16
И додека Павле ги чекаше во Атина, неговиот дух се вознемируваше, гледајќи го градот, полн со идоли.
17
Тој разговараше во синагогата со Јудејците и побожните, но и со оние што секојдневно ги среќаваше на плоштадот.
18
Некои, пак, епикурејски и стоички филозофи почнаа да се препираат со него; едни велеа: „Што сака да каже овој празнословец?“, а други: „Се чини дека тој проповеда туѓи божества“, зашто им благовестеше за Исус и за воскресението.
19
И зедоа, та го одведоа на Ареопагот, велејќи: „Ќе можеме ли да дознаеме какво е тоа ново учење што го проповедаш?
20
Бидејќи нешто непознато внесуваш во нашите уши. Затоа сакаме да дознаеме што е тоа.“
21
А сите атињани, како и туѓинците, кои живееја кај нив, во ништо друго не сакаа да го поминуваат времето освен во тоа да зборуваат или да слушаат за нешто ново.
22
Тогаш Павле застана сред Ареопагот и рече: „Луѓе атињани, по сѐ гледам дека сте побожни.
23
Зашто, кога минував и ги разгледував вашите светилишта, најдов и жртвеник, на кој беше напишано: ’На непознатиот Бог.‘ Токму за Него, Кого вие Го почитувате без да Го знаете, јас ви проповедам.
24
Бог, Кој го создаде светот и сѐ, што е во него, Кој е Господар на небото и на земјата, не живее во ракотворени храмови,
25
ниту, пак, прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, зашто Сам на сите им дава живот, здив и сѐ.
26
Од една крв го создаде сиот човечки род за да живее по целото лице на земјата, откако утврди предопределени времиња и области на нивните живеалишта,
27
за да Го бараат Господ, та да би можеле некако да Го насетат и најдат, иако Тој не е далеку од секого од нас:
28
зашто во Него живееме, се движиме и сме, како што рекле и некои од вашите поети: ’Зашто и Негов род сме.‘
29
И така, бидејќи сме Божји род, не треба да мислиме дека Божеството личи на злато, или сребро, или камен, обработени од човечка умешност.
30
Но Бог, не осврнувајќи се на времињата на незнаење, сега на сите луѓе насекаде им заповеда да се покаат,
31
зашто определи ден кога праведно ќе му суди на светот преку одредениот од Него Човек, откако ги увери сите, воскреснувајќи Го од мртвите.“
32
Кога чуја за воскресението од мртвите, едни се исмеваа, а други рекоа: „Другпат ќе те слушаме за тоа.“
33
И тогаш Павле си отиде откај нив.
34
А некои луѓе се присоединија кон него и поверуваа. Меѓу нив беа Дионисиј Ареопагит и една жена, по име Дамара, и други со нив.
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 18 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Recommended Reading
Commentary
Acts Commentaries
→
Devotional
Acts Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Нов Превод на Новиот Завет ) Study Bible
→