bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 28
Acts 28
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
1
И откако се спасивме, дознавме дека островот се вика Мелит.
2
А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, бидејќи врнеше дожд и беше студено, накладоа оган.
3
А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака.
4
Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек несомнено е убиец; па затоа, иако се избави од морето, Божјиот суд нема да го остави да живее.“
5
Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.
6
А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, бидејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го променија мислењето и велеа дека тој е бог.
7
Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поплиј. Тој нѐ прими и три дена пријателски нѐ гоштеваше.
8
Но се случи таткото на Поплиј да легне болен, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги своите раце на него, го исцели.
9
Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се лекуваа.
10
Тие откако ни укажаа големи почести, пред заминување нѐ снабдија со сите потребни работи.
11
По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше презимил на тој остров и го имаше знакот на Диоскури.
12
И откако стигнавме во Сиракуза, таму останавме три дена.
13
Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот, па во вториот ден пристигнавме во Потиоли;
14
таму најдовме браќа кои нѐ замолија да останеме кај нив седум дена. Потоа дојдовме во Рим.
15
Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат дури до Апиевиот плоштад и до трите крчми. Кога ги виде Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.
16
Штом влеговме во Рим, стотникот му ги предаде затворениците на военоначалникот, а на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.
17
По три дена Павле ги повика јудејските првенци и кога се собраа, тој им рече: „Луѓе, браќа, иако не направив ништо против народот или татковските обичаи, од Ерусалим ме предадоа окован во рацете на Римјаните.
18
Тие откако ме испитаа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт;
19
но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред цезарот; но не за да го обвинувам во нешто својот народ.
20
Поради тоа и ве повикав да се видиме и да позборуваме; бидејќи заради надежта на Израил сум окован во овие вериги.“
21
А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ниту некој од браќата дошол да нѐ извести или нешто лошо да каже за тебе.
22
Но сакаме да чуеме од тебе што мислиш, зашто познато ни е дека насекаде се говори против тоа учење.“
23
И откако му определија ден, големо мноштво дојде во живеалиштето кое му беше определено, и тој од утро до вечер им го изложуваше учењето, сведочејќи за царството Божјо и уверувајќи ги за Исус и преку Мојсеевиот Закон и преку Пророците.
24
Едни се убедија од неговото кажување, а други не поверуваа.
25
Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да си заминуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Светиот Дух на вашите татковци преку пророкот Исаија, велејќи:
26
’Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите,
27
зашто срцето на овој народ закоравело, та со ушите тешко слушаат, а своите очи ги затвориле, за со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се обратат, за да ги исцелам.‘
28
Затоа, да знаете дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците; тие и ќе чујат.“
29
Кога го рече тоа, Јудејците се разотидоа, препирајќи се многу меѓу себе.
30
А Павле остана таму цели две години во посебно изнајмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа кај него,
31
проповедајќи го царството Божјо и смело учејќи за Господ Исус Христос, без некој да му го забранува тоа.
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28