bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 4
Acts 4
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 5 →
1
И додека тие му зборуваа на народот, пристапија кон нив свештениците, заповедникот на храмовата стража и садукеите,
2
огорчени што тие го поучуваат народот и возвестуваат воскресение на мртвите во името на Исус;
3
и ги фатија и ги задржаа под стража до утрината; зашто веќе се беше завечерило.
4
А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади.
5
Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците,
6
првосвештеникот Ана и Кајафа, Јован, Александар и сите што му припаѓаа на првосвештеничкиот род.
7
Откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква сила и во чие име го направивте ова?“
8
Тогаш Петар, исполнет со Светиот Дух, им рече: „Началници народни и старешини израилски,
9
ако денес нѐ испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за тоа како тој е излекуван,
10
тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот израилски народ, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, Кого Бог Го воскресна од мртвите.
11
Тој е каменот што од вас ѕидарите беше отфрлен, Кој стана камен темелник;
12
и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.“
13
А кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, и разбирајќи дека тоа се неуки и прости луѓе, тие се чудеа; а и ги препознаа дека беа со Исус.
14
Но, гледајќи го излечениот човек кој стоеше со нив, тие немаа како да им противречат.
15
Па откако им заповедаа да излезат надвор од Синедрионот, се советува помеѓу себе,
16
велејќи: „Што да правиме со овие луѓе? Зашто на сите што живеат во Ерусалим им е познато дека големо чудо се случи преку нив, и ние не можеме тоа да го одречеме.
17
Но за повеќе да не се разгласува ова меѓу народот, строго да ги заплашиме веќе никому да не зборуваат во тоа име.“
18
И кога ги повикаа, им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту да поучуваат во името на Исус.
19
Но Петар и Јован им одговорија и рекоа: „Расудете дали е справедливо пред Бога повеќе да ве слушаме вас отколку Бога;
20
зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“
21
А тие, откако одново ги заплашија, ги пуштија, бидејќи не најдоа начин за да ги казнат, поради народот; зашто сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.
22
Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од четириесет години.
23
И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и ги известија што им рекоа првосвештениците и старешините.
24
А овие, откако слушнаа, еднодушно го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Владико, Ти си Бог Кој ги создал небото и земјата, и морето и сѐ што е во нив;
25
и Кој преку Светиот Дух и преку устата на нашиот татко Давид, Твојот слуга, си рекол: ’Зошто беснеат многубошците и народите намислуваат празни работи?
26
Се кренаа земните цареви и кнезовите се собраа заедно против Господ и против Неговиот Помазаник ‘.
27
Бидејќи навистина, во тој град се здружија Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со израилскиот народ против Твојот Свет Син Исус, Кого Ти си Го помазал,
28
за да го направат она што Твојата рака и Твојата волја го беа предопределиле да се случи.
29
И сега, Господи, погледни на нивните заплашувања и дај им на Своите слуги со полна смелост да го проповедаат Твоето слово,
30
пружи ја Твојата рака за исцеление, и за да се случуваат знаци и чуда во името на Твојот Свет Син Исус.“
31
И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Светиот Дух и смело го проповедаа словото Божјо.
32
А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко.
33
Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господ Исус и имаше голема благодат над сите нив.
34
Ниеден меѓу нив не беше лишен од нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и парите земени за нив ги донесуваа
35
и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби.
36
Така Јосиј, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, левит, родум од Кипар,
37
кој имаше нива, ја продаде, ги донесе парите и ги положи пред нозете на апостолите.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28